Дали знаете од што се направени влошките и тампоните кои досега сме ги користеле? Повеќето не се направени од памук. Многу познати брендови на тампони и влошки се изработени главно од синтетика, како вискоза. Женските влошки од многу од најпознатите брендови содржат нешто што се нарекува SAPs, што претставува кратенка за Super Absorbent Polymers - кои се направени од полимери добиени од сурова нафта.
Organyc е Италијански бренд, со сертифицирани органски производи. Како бренд користи исклучиво памук кој природно апсорбира до 20 пати од неговата сопствена тежина.
Тампоните и влошките од комерцијалните брендови често содржат нафтени деривати и остатоци од струготини.
Не би претпочитале памук?
Зошто да користиме памук?
- Памукот е најмоќниот природен апсорбент, заштитува од протекување и има издржливост поголема од 20пати од својата сопствена тежина. Памукот е компатибилен со pH вредоста на кожата и интимата.
- Памукот е обновлив извор на природата и не содржи пластика.
- И овозможува на кожата да дише. Памукот природно дише и ја одржува вашата интима сува и удобна. Не предизвикува иритации и никогаш не предизвикува чешање.
- Идеален за чувствителна кожа. Голем процент од жените имаат чувствителна кожа. Производите Organyc се хипоалергенски, а кожата и памукот одлично се надополнуваат.
Зошто ги препорачуваме ORGAN(Y)C влошките за родилки?
- Изработени од 100% органски памук.
- Ултра меки, дебели и удобни за деликатната интимна регија по породувањето.
- Високо апсорбирачки.
- Овозможуваат кожата да дише.
- Хипоалергенски.
- Анатомски дизајн.
- Заштитен слој кој дише, направен со најсовремена Mater-bi®технологија.
- Биоразградливи компоненти
*Mater-bi® е иновативна формула од биоразградливи и компостирани биопластики, создадена по 25 годишно истражување и иновација која нуди решение за специфични еколошки проблеми, комбинирајќи го квалитетот на производот и неговите перформанси со ефикасно користење на ресурсите. Mater-bi® е направен од комбинации од пченкарен скроб, зеленчукови масла, целулоза и биоразградлив синтетички полиестер. Производите Organyc содржат 89% состојки од органско потекло сертифицирани согласно со најреномираниот стандард ICEA.