СЕЗОНА НА НАСТИНКИ И ГРИПОВИ: НА ПОМОШ ДОАЃААТ ЕТЕРИЧНИТЕ МАСЛА
16 Jan



Здраво драги мои,

 како што забележавте и од самиот наслов, во оваа статија ќе се задржиме на бенефициите на ароматерапијата и етеричните масла во случај на настинки и грипови проследени со непријатни појави како кашлица, главоболка температура итн.

Етеричните масла се вистински дар од природата и доколку убаво се познаваат и правилно се користат, истите може да бидат од огромна помош во спречување или подбрување на многу симптоми поврзани со сезонските настинки предизвикани од најразлични вируси.

Етеричните масла врз нашиот организм делуваат на две нивоа и тоа: од една страна предизвикуваат една биолошка реакција, на пример преку етеричните масла кои го стимулираат организмот или пак оние кои имаат балсамичко дејство, а од друга страна ја будат нашата емотивна енергија преку сетилото за мирис.


Употребата на етеричните масла во случај на обична настинка (секако за потешки случаеви консултирајте се со лекар) може да биде од огромна помош во грижата за добросостојба на организмот на комплетно природен начин.

Во денешнава статија ќе разгледаме три мешавини на етерични масла кои се одлични за време на сезонските настинки и тоа: за настинка, за покачена телесна температура и за имунитет.

Мешавина на етерични масла во случај на настинка You & Oil KI Cold



Ова мешавина e од огромна помош за добросостојбата на телото за време на настинка и растечен нос. Ги намалува воспаленијата во назалната регија кои често ги придружуваат овие состојби. Етеричното масло од палисандер е корисно за респираторни состојби, и може да го зајакне имунитетот за време на настинка или грип. Етеричното масло од еукалиптус антимикробно и антивоспалително дејство поомага во намалувањето на воспаленијата, ослободува од болки и ја ублажува мускулна тензија. Етерилното масло од кора од камфорово дрво го поттикнува имуниот систем и ги подобрува функциите на респираторниот систем.

Ова масло се употребува на следниов начин: 1. Капнете 3-4 капки од мешавината на етерични масла на вашите прсти или рака. Избегнувајте директен контакт на пипетата со кожа.
2. Нежно втријте 3-4 капки на градите и горниот дел од грбот, 3-4 пати на ден. Користете 5 дена.

Мешавина на етерични масла за подобрување на имунитетот You & Oil Ki Immunity




Овој производ е формулиран со скапоцена мешавина на етерични масла како оние од камфорово дрво, чајно дрво, чубрика и мајчина душица, растворени во бадемово масло. Оваа комбинација го зајакнува имунитетот на нашиот организам. Со своите силни антивирусни и антисептички дејства, маслото од камфорово дрво е познато по тоа што го спречува ширењето на вирусни инфекции, истовремено зајакнувајќи ја отпорноста на организмот. Маслото од чајно дрво, го зајакнуваат и стимулираат имунитетот и ја зголемува неговата способност да се бори против инфекција. Маслото од чубрика е ефикасно против бактериски инфекции, и исто така, го стимулира човековиот имунитет. Една компонента од мајчината душица, која поседува затоплувачки и стимулирачки својства, помага во прочистување на организмот и го оддржува неговото здравје.

Се користи на следниов начин:

1. Капнете 2 -3 капки од мешавината на етерични масла на вашите прсти или дланка. Избегнувајте директен контакт на пипетата со кожа.
2. Нежно втријте во градите и горниот дел од грбот, 3 пати дневно. Користете континуирано 1- 3 недели.

Мешавина на етерични масла кои помагаат во случај на покачена температура You & Oil KI Temperature


Овој производ е формулиран со скапоцена мешавина на етерични масла од еукалиптус и чиста лаванда, инфузирани во масло од сладок бадем, за да се намали треската, додека се зголемува имунитетот за борба против инфекцијата. Антивоспалителното и антимикробното дејство на етеричното масло од еукалиптус помага во смирување на температурата на телото и ги ублажува симптомите на треска, ослободувајќи ја тензијата и болките од градниот кош. Етеричното масло од лаванда најдобро познато по своето релаксирачко и смирувачко дејство, предизвикува чувство на смиреност и помага да се намали крвниот притисок, со што прави да се чувствувавте подубоно, поттикнувајќи го вашиот сон во случај на треска на организмот.

Оваа мешавина на етерични масла се користи на следниов начин:

1. Капнете 3-4 капки од мешавината на етерични масла на прстите или раката. Избегнувајте директен контакт на пипетата со кожа.
2. Нежно втријте на градите и горниот дел од грбот (3-4 капки на секој дел), 6 пати во 48ч.


Оваа статија е превземена од блогот на БИОДЕВОЈКА.

Најгоре