Најчести проблеми со кожата во бременоста
06 Feb

Редовната нега на кожата за време на бременоста е неопходна доколку сакате да ги избегнете непријатностите што доаѓаат како резултат на разни промени кои што се случуваат во телото. Бидејќи женското тело се менува поради дејството на хормоните, дури и најголемиот и највидливиот орган, кожата, не е поштеден од промени. Поради зголемениот ефект на естрогените и прогестероните, се случуваат разни промени во кожата на бремена жена, а нивниот интензитет во голема мера зависи од типот на кожата (нормална, масна, сува или комбинирана кожа), како и од состојбата на кожа пред бременоста.

Најчести проблеми со кожата во бременоста:


Сува кожа во бременоста

Еден од најчестите проблеми со кожата кај бремени жени е сува кожа на стомакот. Обично се јавува на самиот почеток на бременоста и може да биде многу непријатно. Тоа е придружено со чешање и пецкање во стомакот, колковите и грбот. Сето ова се случува поради оптегнувањето на кожата, со кое се прави место за бебето во стомакот. Решението е креми кои ја хидрираат кожата, во форма на лосиони за тело. На овој начин, освен што ќе се навлажне кожата, истотака се намалува и чешањето.


INTENSE REPAIR / КРЕМА ЗА ТЕЛО ЗА МНОГУ СУВА, ГРУБА И ДЕХИДРИРАНА КОЖА - 150 МЛ.


Во основата на овој лосион,  е шеа путерот во кој се додадени останатите состојки. Тоа што е главна карактеристика на шеа путерот е тоа што тој е еден од најдобрите (ако не и најдобар) хидрататор за тело - односно одличен е за кожа на која и е потребна хидратација- а кожа на која и е потребна хидратација има секоја една од нас, не само бремените жени.

Стрии

Можеби најнепријатната промена кај кожата на бремена жена е појавата на стрии. Станува збор за светло розеви, подоцна црвено-кафени или темно виолетови браздички кои се појавуваат на места кои претрпеле голема промена како резултат на зголемената телесна тежина и истегнување на кожата (што е сè поинтензивно од 15-та недела од бременоста). За да избегнете ненадејно зголемување на телесната тежина, потребна е превенција од самиот почеток на бременоста.

BLACK ORCHID / ШЕА ПУТЕР ОД ЦРНА ОРХИДЕЈА 

Најважни компоненти кои спречуваат развој на стрии за време на бременост се шеа путер и масло од авокадо, а во овој путер за тело ги има и двете во високи концентрации.

Шеа путер е концентирана со добри масти кои се дел од natural moisturizing factor (NMF) на кожата и кои дополнително ќе балансираат ниво на масти и ќе привлечат вода во кожата од околната средина.

Маслото од авокадо има за цел да ја нахрани кожата со сите потребни елементи за нормално функционирање. Особено е добро за хидратација на кожа и е добар избор ако имате изразено чешање после туширање.

Дополнително, маслото од авокадо е богато со витамин К и тоа како состојка во овој лосион има способност да осветлува стрии кои се во почетна фаза на формирање.

Акни и црнки

Причината за појава на акни за време на бременост е веќе позната - а тоа се промени во нивото на хормоните во телото, а добрата вест е што акните обично исчезнуваат по породувањето.

За ублажување на симптомите на акни, се препорачува зголемен внес на вода, бидејќи ги отстранува токсините од телото.
Избегнувањето масна, пржена и зачинета храна има корисен ефект врз целото тело на идната мајка, како и на кожата склона кон акни.

Кога станува збор за активни компоненти кои не смее да се употребуваат за време на бременост и доење, тоа се:

-Салицилна киселина повеќе од 2%
-Ретиноиди/ витамин А
-Антибиотици
-Бензоил пероксид
-Стероиди



Активни компоненти кои може да се употребуваат се:


-млечна киселина




Овој серум може да биде употребен од страна на бремени жени и доилки и тоа само навечер, максимум 3х неделно.


-азелаинска киселина


Во оваа крема освен азелаинска киселина има и салицилна киселина, НО во концентрација од 1% што ја прави безбедна после првото тромесечје од бременоста и кај доилки.

Се применува така што, САМО на места каде што имате акни, флеки, лузни, црнки ставате мала количина која што добро и темелно ќе ја измасирате и ќе продолжите со хидратација. Доволно е да се применува секоја втора вечер.

Ова се две состојки и предлог за 2 продукти кои може да се употребуваат за време на бременост и доење, па за да поедноставиме ќе кажам дека од сајтот на @bellina.ml сите продукти се безбедни за време на бременост и доење, освен серум TRUE ALCHEMY- ACTIVES / СЕРУМ СО САЛИЦИЛНА КИСЕЛИНА 2 % и TRUE ALCHEMY - CREAM EMULSION / КРЕМА СО ВИТАМИН А 1,09 %.


Пигментација на лицето

Кај некои бремени жени, под влијание на хормонални промени, се појавуваат дамки или флеки со жолтеникаво/кафеава боја. Деловите околу очите, на образите или над усните се најчесто тие кои се најзагрозени. Нивната појава односно превенција може да се направи со примена на серум со витамин Ц применет навечер и крема со заштитен фактор 30+ применета наутро.

Доколку сте почетник во примената на вит. Ц серум тогаш за вас добар избор ќе биде:



Витаминот Ц е со право на врвот на листата на корисни состојки кога станува збор за здравјето и убавината на кожата. Оваа моќна состојка има исклучително силни својства против стареење, поради што е неопходен дел од грижата за кожата во сите возрасни групи, особено по 20-годишна возраст.

Лекарите редовно ја истакнуваат исклучителната важност на витаминот Ц за кожата, но и за целиот организам. Тој е исклучително важен за функционирање на многу компоненти на здравјето на луѓето, како што се јачината на коските, кожата и крвните садови, но исто така е моќен антиоксиданс кој ги неутрализира слободните радикали и создава бариера против штетни материи од околината што му штетат на нашето тело. Веќе ја докажа својата важност за здравјето на кожата, но неговите придобивки се уште се многу.

Доколку веќе сте употребувале односно применувате серум со витамин Ц тогаш добар избор за време на бременост би бил серум со вит. Ц со концентрација која ќе биде повисока од 10%.



Продукти со витамин Ц, се ефикасни во намалување на хиперпигментацијата. Ова се должи на фактот дека, витамин Ц го инхибира главниот ензим вклучен во производството на меланин, а со тоа се намалува производството на меланин кој всушност ја дава (темната) боја на пигментациите.


Нега на коса за време на бременост и доење

Вашата коса во бременоста.

За време на бременоста, косата може да има поголем волумен. Истотака за време на оваа блажена состојба, забележано е и побрзо растење на косата. Таа потешко се масти. Сето ова се случува поради зголемените нивоа на естроген.

Вашата коса после бременост, за време на доење.

Опаѓањето на косата обично се случува по породувањето, бидејќи лачењето на естроген полека се враќа на нормалното ниво. Сепак, тоа не е секогаш така. Некои жени може да доживеат опаѓање на косата за време на бременоста. Причината за ова е најчесто стресниот ефект на бременоста врз телото поради ненадејни хормонални промени или траума на самата коса.

Најчеста причина која што доведува до опаѓање на косата после бременост, за време на доење, како и за време на самата бременост е намалените нивоа на железо во крвта.

Недостаток на железо е состојба во која има недостаток на црвени крвни клетки кои носат кислород до ткивата и органите. Недостаток на железо може да предизвика анемија и симптоми како што се: замор, неправилно чукање на срцето, отежнато дишење, главоболка.

Бремените жени и доилките се изложени на зголемен ризик од недостаток на железо, особено ако имале две или повеќе бремености за пократок период или ако носат повеќе бебиња или имаат сериозно гадење. Анемијата може да се открие со тест на крвта.

Без оглед на причината, опаѓањето на косата веројатно ќе се намали само кога хормоните и витамините се во нормални граници.

За да делувате однадвор не само што е важно добро и правилно да се храните, да пиете соодветни витамини, важно е и што употребувате за нега на косата.

Негата на косата за време на бременост и доење треба да биде со внимателно одбрани препарати.

Шампон за коса:


Како што спомнавме претходно, со враќањето на естрогените во нормала, започнува опаѓањето на косата. Покрај тоа може да се јави и нејзино прекумерно мастење.

Со овој шампон од гасул глина може да се делува и на двете проблематики, при што може слободно со овој шампон да го замените тој што редовно го употребувате.

Гасул глината е природна состојка богата со минерали и хранливи материи, поради што се користи во многу козметички третмани. Покрај тоа, се повеќе ја има и во продуктите за нега на кожа и коса.

Гасул глината што се користи за козметички цели има навистина неверојатна способност да ги извлече сите нечистотии од површината на кожата, вклучувајќи го и скалпот, со врзување на овие масти и нечистотии за себе. Покрај тоа, таа има способност да го отстрани вишокот на себум, нечистотиите и сите токсини од длабочините на кожата и скалпот.

Гасул глината делува на површината на главата преку мало затегнување на скалпот додека се суши, и на тој начин ги отстранува сите токсини, не само од површината на косата, туку и од коренот на косата.

Најважните карактеристики на гасул глина се:

•не ја суши косата,
•ја подобрува циркулацијата на скалпот
•ги отстранува мртвите клетки од кожата на главата,
•го стимулира растот на новата коса,
•помага скалпот да се ослободи од првут
•ја зајакнува косата и и дава еластичност,
•ја обновува оштетената коса.



Спречување на непријатна миризба на потта на здрав начин

Процес на потење:

Преку процесот на потење нашето тело, на некој начин, прави детоксикација. Покрај тоа, потењето е главен процес преку кој што нашиот организам одржува телесна температура. Затоа не е нормално и никако не е добро да се спречи овој процес.

Алуминиум, како главна компонента во грото дезодоранси/антиперспиранти делува преку контракција (стегање) на мазниот мускул кој што го имаме под пазувите. На тој начин се запира процесот на потење и автоматски тоа значи дека се спречува исфрлање на токсини од тој дел.


Какви дезодоранси/рол-они да изберете?

Секогаш од избор нека ви се антибактериски продукти кои всушност ќе делуваат преку неутрализација на бактериите кои ја предизвикуваат лошата миризба на потта.

За време на процесот на потење рН вредност на кожата која што нормално е ~5, се зголемува на ~7. Така бактериите се активираат и се предизвикувачи на непријатната миризба на потта, преку разградување на нејзините молекули.

Со антибактериски продукти ние ќе делуваме со:

-уништување на бактериите
-враќање на нормално рН, поради што ќе се формираат НЕПОВОЛНИ услови за развој и понатамошна активација на тие бактерии кои ја даваат лошата миризба на потта

Сите овие антибактериски продукти кои спречуваат непријатна миризба на потта, но не и самиот процес на потење (што е многу важно) во својот состав содржат состојка која се нарекува TRIETHYL CITRATE* и таа е одговорна за нивното дејство.

*** сите рол-они од овој тип на сајтот www.Bellina.mk се означени со КРЕМ ДЕО РОЛ ОН.



 
                                                              







Оваа статија е превземена од Magnolia Glamour.

Најгоре