Магнезиум - инстант смирување на вашата кожа
17 Mar

Многу одамна, во Франција како третман за многу кожни состојби се употребувало магнезиумовото млеко, кое како голем недостаток го имало неправилното дозирање односно апликација на кожа која понатаму доведувала до иритации на кожата.

Од пред неколку години, Новексперт, @novexpert_laboratoires - позната и призната француска лабораторија која развива продукти со 100% природно потекло, хипоалергени производи кои може да бидат употребувани и од страна на луѓето со најосетлива кожа, бремени жени и доилки., почнала да произведува продукти со магнезиум во регулирана концентрација, кои на кожата ќе резултираат со 100%тен позитивен исход.

Кога ќе се спомне 100% природно потекло, се создава конфузија, но тоа што е главна особина на линијата производи на @novexpertmakedonija е тоа што « 100% природно » значи дека тие компоненти ние веќе ги имаме на и во нашата кожа, а со примената на нивните продукти само се подобрува квалитетот и концентрацијата на molecules clés.


За оние кои се борат со иритации предизвикани од различни причини (носење на маска, акни, розацеа, купероза, псоријаза, егзем и др.), магнезиум како дел од продукт, може да биде одлична достапна форма на третман.



Алкалната природа (обратно од кисела) на магнезиумот:

  1. помага во неутрализирање на киселоста над кожата, одговорна за предизвикување на иритации над кожата,
  2. има антибактериски својства и
  3. ја дезинфицира кожата.


  • Магнезиум за кожа склона кон појава на црнки
  • Магнезиумот е ефикасен лек за акни и масна кожа.
  • Како делува магнезиумот кај масна кожа склона кон појава на црнки?


- Магнезиумот кој е активна компонента на овој спреј, го зафаќа слободното место во порите и како резултат на тоа нечистотиите не може да навлезат и да ги запушат порите и кожата останува чиста. На овој начин се спречува појавата на акни.


Магнезиум и намалување на воспаление на акни

Магнезиумот во соодветен продукт (како што е спрејот на Novexpert на пример) делува преку директно сушење на акните и смирување на првичното воспаление, кое што длабоко од кожата ја предизвикало појавата на акни. Со своите активни состојки делува директно на делот од кожата кој е иритиран и воспален и го извлекува воспалението од кожата по што акната многу брзо се смирува и станува помалку воспалена, а со тоа и помалку видлива на лицето.


Магнезиум и флеки од акни

Магнезиумот сам по себе има избелувачки особини. Дополнително, преку смирување на кожата го нормализира текот на промена на стари (темни) клетки со нови (здрави) клетки. Овие две особини на магнезиумот после редовна примена може да даде одлични резултати кога станува збор за површински флеки.

Во Новексперт линијата со магнезиум, освен магнезиум има и пробиотици кои применети во форма на продукти над кожата, им помага на добрите микроорганизми/бактерии да бидат поспособни за да:

Пробиотиците заедно со магнезиум, во состав на овие продукти:

-Ја чуваат површината на кожата, како борбена линија од прв ред, од надворешните штетни фактори (кожата е избалансирана, помлада и тонирана)

-Ја штитат кожата од црвенила, иритации, дехидратација

-Намалат појавата на проширени пори и фини линии/брчки

-Враќаат и ја чуваат здравата микробиомска рамнотежа (добри бактерии не се трансформираат во лоши)


NOVEXPERT - MAGNESIUM / МЛЕЧЕН ЧИСТАЧ ЗА ЛИЦЕ

Млечен чистач кој може да се употребува на два начини и со самото тоа слободно може да го замени двојното чистење кое треба да се применува навечер.

Еден начин на примена е да се аплицира на памук со кој ќе се помине лицето, додека пак вториот начин на примена е со директна масажа над сува кожа проследена со додавање на вода и масажа до целосно растворање на нечистотиите.




NOVEXPERT - MAGNESIUM / КРЕМА И ФЛУИД ЗА ЛИЦЕ

Флудидот е наменет за примена кај масна и комбинирана кожа. Додека пак, кремата е наменета за примена кај нормална и сува кожа.

Состав:

-Магнезиум

-Патентирана компоненти со Laminaria алги, која има смирувачки особини

-Пробиотици - заштита и подобрување на одбранбените особини на кожата

-Хијалуронска киселина- длабока хидратација на кожа

-Витамин Е - антиоксиданс кој ја регенерира кожата

           

NOVEXPERT - MAGNESIUM / СПРЕЈ ЗА ЛИЦЕ ЗА ИРИТИРАНА КОЖА

Спреј кој може да се употребува колку сакате пати на ден и кога сакате. Главна особина пред се му е за смирување на иритирана кожа (од сонце, после бањање во море, после носење на маска, после депилација, после опекотони, после третмани...).

Освен за тоа може да се употребува и како:

  1. тоник по чистење и/или отстранување на шминка
  2. освежувач за кожата
  3. за фиксирање на шминка
  4. зачувување на добрата состојба над кожата
  5. поддршка при третман на акни



MAGNESIUM / ПИЛИНГ ЗА ЛИЦЕ

Примената на хемиски или физички (во зрна) пилинг кај чувствителна кожа, знае да биде проблем поради можноста да предизвикаат иритации. Тоа не е случај со овој механички пилинг со нежна текстура кој е формулиран специјално за примена кај кожа која што лесно реагира на било каква надворешна дразба.

Одличен механички пилинг за иритирана кожа, кожа со акни и со розацеа. Специјално е формулиран нежно да ги отстрани сите мртви клетки од кожата, со цел истите да се заменат со нови и кожата да започне да се регенерира.

Се применува после чистење на лице, на водена кожа се става мала количина која нежно се масира (со кружни движења), па после тоа се измива и се продолжува рутината за нега на кожата.

Доволно е да се применува еднаш на ден.



 NOVEXPERT - МАСКА ЗА ЛИЦЕ СО МАГНЕЗИУМ 

Главна компонента на оваа маска е розевата глина која делува така што:

  • длабинско ја чисти на кожата и порите
  • изедначен тен, без иритација
  • зачувување на имунитет на кожата
  • благ третман погоден за чувствителна кожа
  • хидрира и смирува
  • ја подобрува текстурата на кожата


Дополнително, во нејзиниот состав има и магнезиум, но и аргинин кој ќе делува на површинска и длабинска хидратација, што ќе доведе до репарација и регенерација на (оштетена) кожна бариера.



Оваа статија е превземена од Magnolia Glamour.

Најгоре