Зошто да го изберете Baby Bio за вашето дете ?
17 Mar

Зошто да го изберете Baby Bio за вашето дете ? Baby Bio e француски бренд - пионер со 25 годишно искуство во производството на органска храна за бебиња и деца, поседува сопствени фарми за производство на суровини ( oвошје, зеленчук , месо), кои работат по највисоки стандарди за органско производство.

Тоa е бренд кој се прилагодува на денешните потреби нудејќи иновативни производи, по оргинални рецепти, со висок квалитет, затоа што она што го добивате кога сте бебе останува цел живот!

Baby Bio нуди комплетна палета на производи за сите возрасти од новороденче до 3 годишна возраст.

Babybio OPTIMA формула со кравјо млеко и Babybio CAPREА формула со козјо млеко

Во нивниот асортиман можете да најдете формули кои се достапни за три возрасти:

*BABYBIO OPTIMA 1 и CAPREA 1 ( од 0-6 месеци ),

*BABYBIO OPTIMA 2 и CAPREA 2 (од 6 до 12 месеци),

*BABYBIO OPTIMA 3 и CAPREA 3 (од 10 месеци до 3 години)

• Формулите се од од кравјо и козјо млеко, тие се високо нутритивни, збогатени со пробиотици (Bifidobacterium lactis), пребиотици (Фрукто-олигосахариди и Галакто-олигосахариди) и омега масни киселини (DHA -Омега 3 и ARA -Омега 6 масни киселини)

• Адаптирани на специфичните потреби на возраста со состав кој што го имитира мајчиното млеко.

• Растот на бебињата не е различен додека се хранат со формули базирани на кравјо млеко или козјо млеко, но познато е дека козјото млеко полесно се вари и апсорбира, благодарение на помалите молекули.

Важно ! Во BABYBIO CAPREA формулата е можно присуство на траги од протеин од кравјо млеко, па затоа не е погодна за деца со алергија на протеин од кравјо млеко.

           

BABYBIO житарки

Вкусни житарки подготвени од oргански сертифицирани состојки, оризово брашно, пченица, овес и киноа без додадени шеќери со овошје и природни вкусови на ванила и какао во прав.

Babybio житарките може да се користат кај доенчиња од 6 месеци (од 8 месеци житарки со какао прав), може да се додадат директно во шишето на вашето дете или да се зготват во каша. Тие се идеална придружба за малите деца за време на различните фази на диверзификација на храната.



BABYBIO бисквити

Бебешките бисквити Babybio се направени со квалитетни суровини, пред се од француски производители. Така, секоја состојка е ригорозно избрана, со цел да се развијат рецепти прилагодени да го разбудат детското непце со вкусни органски бисквити и да им ја обезбедат потребната енергија на децата на дневна основа за да тргнат кон откривање на светот.

Со својата малку крцкава текстура и облик се специјално наменети за употреба при никнувањето на забите од 8 и 12 месечна возраст, за да се развие рефлексот на џвакање кај детето, а можат да се конзумираат и растопени во млеко.

Babybio ви нуди повеќе вида едноставни и вкусни рецепти на бисквити кои се богат извор на витамин Б1:

Бисквити со есенцијално масло од сладок портокал

Бисквити со бурбон ванила

Бисквити со лешници

• Бисквити со лимон


 


Babybio зеленчукови и овошни каши се подготвуваат во Франција од зеленчук и овошје произведени на нивните фарми по строги правила за органско производство.

Какви плодови да се даваат на бебето според неговата возраст?

Овошјето и зеленчукот се првите намирници што бебето ќе може да ги консумира на почетокот на диверзификацијата на храната, од 4 или 6 месеци – во зависност од разновидноста на овошјето и зеленчукот, како и од препораките на вашиот педијатар.

Дали сакате да им понудите на вашите деца здрава и вкусна храна, блиска до домашна?

Во Babybio се става акцент на овошјето и зеленчукот и неговниот природен вкус, затоа нивните рецепти се: без шеќер, без млеко, без житарки, без јаткасти плодови... Така вашето бебе има многу време да го открие вистинскиот вкус на овошје и зеленчук!

Што ги прави овие кашички различни од другите? Сите каши се без додаден шеќер, без додадена сол, без глутен!

Изберете од овошните кашички со банана и јаболка од Нова Аквитанија, круша од Прованса, праска од Окситанија и јаболко, јаболко, банана и кокосово млеко, банана, јагода и нане, киви и манго, јаболко-малини, јаболка-јагода и ванила… или од зеленчуковите кашички од „мек“ зеленчук како морков, пашканат, слатки компири.



Кои рецепти да се изберат за главните оброци на бебето?

Со разновидните рецепти на Babybio, детскиот ручек или вечера е секогаш извор на изненадување и задоволство. Развиени во Франција, Babybio обоците го запознаваат вашето малечко со нови вкусови секој ден уште од рана возраст!

Можете да одберете различни рецепти: со и без животински протеини, со зеленчук и овошје, специфични состојки (сирење, билки...) за едукација на вкусови на непцето на бебињата, без алергени, без вештачки вкусови, без додадени шеќери (содржат природни шеќери) / без додадена сол. Се нудат во различни формати прилагодени на возраста на вашето малечко: стаклена тегличка, чинија, кесичка...

Вкусните рецепти може да им се понудат на бебиња од 6 месеци, тие потоа можат да го придружуваат вашето дете во сите фази на диверзификација на храната како: менија за оброк на бебето на 8 месеци, 12 месеци, 15 месеци и повеќе...

За да им го пренесе оргиналниот вкус на намирниците на вашите деца, Babybio се погрижи да го избере зеленчукот што го одгледуваат првенствено француските производители. Истото барање секако се применува и при изборот на месо и риба кои ги надополнуваат сочните рецепти за оброк на вашето дете.

Бебето развило алергија на храна? Babybio ви нуди многу рецепти без алергени, способни да ги задоволат различни потреби: диета без млеко, без глутен, без јајца, без риба, без јаткасти плодови...


Десерти и ужинки

Воодушевете ги малите гурмани и со вкусни млечни десерти.

Babybio го мобилизираше целото свое знаење за да произведе дарежлив јогурт со кремаста текстура и едноставни автентични вкусови, блиски до „домашното“.

Кои млечни десерти да ги изберете за вашето бебе?

Да го зголемат задоволството и да излезезат во пресрет на сите потреби на вашите мали гурмани, Babybio подготви вкусни млечни рецепти комбинирани со прекрасниот вкус на овошјата од Францускиот регион, спакувани во мали теглички или кесенца за да можете лесно да ги користите во секоја пригода !

Изберете од млечните десерти направени со кравјо, овчо или козјо млеко со круша од Прованса и цимет, банана од малини, крем со какао... без додадени шеќери кои се одличен извор на калциум за време на ужина или како десерт на крајот од оброкот.

И да, Babybio мисли и на вашите мали гурмани кои што се интолерантни на протеин од кравјо млеко... изберете густи јогурти од ориз, овес или кокосово млеко со рецепт од 100% растително потекло.

Млечни десерти можете да му понудите на бебето од 6 месеци - освен кремот од какао гриз, кој се препорачува само од 8 месеци. Тие ќе му помогнат на вашето дете да открие нови текстури, вкусови и сензации за време на диверзификацијата на храната.


Најгоре