Search
Filters
Close

ORGANIQUE

Organique е Полска компанија која произведува природна и оранска козметика за нега на лице и тело повеќе од 15 години. Основана во 2000-та година, нивната инспирација е природата, така што се фокусираат на сигурни, лесни и високо ефикасни формули за своите производи. Благодарение на внимателна селекција на најквалитетните состојки од цел свет, тие го создаваат секој производ со исклучителен акцент и внимание на секој детал. Голем број од производите на Organique сеуште се произведуваат рачно.

 

Козметиката ги поттикнува нашите сетила: видот, мирисот, допирот; па заради таа причина Organique се труди да ги направи своите производи разнобојни, со прекрасни мириси и со исклучително пријатна и кадифена структура. Инспирирани од природата, ниту еден од производите на Organique, во својот состав не содржи парабени, силикони, сулфати, вазелин, парафински масла и други докажано штетни состојки за нашето здравје. Голем дел од производите на Organique содржат состојки исклучиво од растително потекло и кои исто така се сертифицирани како вегетаријански и вегански.

                       

Денес, оваа компанија со седиште во Вроцлав (Полска), брои повеќе од 140 вработени. На локалниот Полски пазар, поседуваат 5 сопствени продавници, како и 40 брендирани продавници со франшиза, лоцирани во најпрестижните шопинг центри во најголемите Полски градови. Производите на Organique редовно се користат во над 1000 салони за убавина во оваа земја.

Од 2004-та година компанијата почна да се шири и во странство, создавајќи мрежа на дистрибутери и партнери во 24 држави во Европа, Северна Америка, Азија и Австралија.

На Македонскиот и Српскиот пазар, овој бренд беше претставен од страна на нашата компанија КС Гроуп ДОО, која во март 2018-та година потпиша договор со кој стана ексклузивен застапник и увозник за нашиот регион.

 

 

„Вреднувајќи го квалитетот на животот, ние им покажуваме на нашите потрошувачи, како со едноставни навики тие можат да создадат еден исклучителен и прекрасен ритуал со помош на нашите производи. Преку комбинирање на традицијата со новитетите на пазарот, им помагаме на луѓето да живеат поздраво и поубаво.“ - основачот и сопственик на Organique, Томаш Царски.

 

View as
Sort by
Display per page

ALOE VERA / КРЕМА ЗА ЛИЦЕ - 50 МЛ.

СМИРУВАЊЕ * ХИДРАТАЦИЈА * ЗАШТИТА
АЛОЕ ВЕРА * МАСЛО ОД МАКАДАМИА * ВИТАМИН Е
1590 МКД

ALOE VERA / МИЦЕЛАРЕН ЛОСИОН ЗА ЛИЦЕ - 200 МЛ.

ПРОЧИСТУВАЊЕ * СМИРУВАЊЕ
АЛОЕ ВЕРА * БИЛНИ ЕКСТРАКТИ
1310 МКД

ARGAN SHINE / ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ ЗА СУВА И ОСЕТЛИВА КОЖА – 250 МЛ.

ЧИСТЕЊЕ * СМИРУВАЊЕ * МАЗНЕЊЕ
АРГАНОВО МАСЛО * ЗЕЛЕН ЧАЈ * ГЛИЦЕРИН * БЕТАИН
800 МКД

ARGAN SHINE / ПУТЕР ЗА ТЕЛО ЗА СУВА И ОСЕТЛИВА КОЖА – 150 МЛ.

РЕГЕНЕРАЦИЈА * МАЗНЕЊЕ * СМИРУВАЊЕ
АРГАНОВО МАСЛО * ШЕА ПУТЕР * ЗЕЛЕН ЧАЈ
1045 МКД

ARGAN SHINE / ШАМПОН ЗА СУВА КОСА И ОСЕТЛИВА КОЖА – 250 МЛ.

ЧИСТЕЊЕ * СМИРУВАЊЕ * РЕГЕНЕРАЦИЈА
АРГАНОВО МАСЛО * HAIRSPA™ * ИНУЛИН
925 МКД

BABY & KIDS / КРЕМА ЗА ТЕЛО - 250 мл.

СМИРУВАЊЕ * ХИДРАТАЦИЈА
ПАМУК * ВИТАМИН Ф
910 МКД

Filter by:

Clear All
Min: 00 МКД Max: 1910 МКД
ден0 ден1910