Пребарување
Filters
Close

Детокс на косата во градските средини со производите ANTI POLLUTION на URTEKRAM

Прочитајте го новиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи!

Здраво драги мои,

загадениот воздух, прашината и “евентуалниот“ чад од цигари (во зависност од тоа дали пушите во вашите домови или некој околу вас пуши) негативно делуваат врз нашата коса и ја прават послаба и без сјај. Косата многу лесно се “валка“ и масти и тоа секако не изгледа баш најубаво. За разлика од нашата кожа која во вакви околности има еден вид на “самоодбрана“ нашата коса за жал не е во состојба самата да се одбрани. Иако темето каде што косата е “жива“ како и кожата може да реагира и да се одбрани, косата по должината е онаа која страда, станува послаба и без сјај.

Токму затоа од огромна важност се производите кои ги користиме за нега на косата, особено доколку живееме во поголемите градови или во средините каде воздухот е позагаден. Во денешнава статија ќе ви предложам три прекрани природни и органски производи од марката Уртекрам кои се во состојба да направат еден вид на детокс на нашата коса и секако да направат истата да биде што подолго чиста и заштитена. Станува збор за шампонот, регенераторот и специјалниот обновувачки третман за коса од линијата Anti Pollution со зелен чај и екстракт од микроалга.

Пред да го разгледаме секој од производите посебно, ајде најнапред да кажам збор два за Уртекрам со оглед на тоа што ова е прва рецензија на некој производ од оваа марка.

Самото име Уртекрам потекнува од данскиот збор Urtekraemmer кој е стар термин кој означува човек кој тргува со билки, зачини и др. За првпат се појавува на пазарот во 1972 и оттогаш постепено расте. Станува збор за сертифицирана природна и органска козметика која го носи сертификатот на Eco Cert кој е еден од оние сертификатори со најсторг критериум за природна и органска козметика (ова секако ќе го сфатите и од анализата на самите производи). Моментално тестирам повеќе производи од оваа марка и можам да ви кажам дека во одредени производи буквално се заљубив.
 
Оваа линија Anti Pollution премногу ми се допаѓа не само поради составот кој е одличен, туку и поради ефектот. Верувајте ми косата ми останува перфектно чиста цели 4 дена. Заштитен знак на оваа линија е зелениот чај Мача, потоа екстарктот од микроалга, алое вера гел и шеа путер. Освен тоа што одлично ја чисти косата и ја штити, истовремено ја потхранува и негува. Доколку сте љубопитни да дознаете повеќе, продолжете да читате затоа што ќе ги разгледаме сите три производи посебно со слики од ефектот.
 
1. Шампон за коса 
 
Морам да кажам дека овој шампон е еден од ретките кој успева да ја одржи мојата коса чиста цели 4 дена. Уште од моментот кога ќе ја измиете косата со овој производ ја чувствувате навистина чиста, меѓутоа и нахранета. Воопшто не е агресивен бидејќи прочистувачката моќ не е резултат на агресивни сурфактанти, туку на одлична комбинација помеѓу природни сурфактанти и органски екстракти. Ајде да го разгледаме подетално.

INCI: AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT*, SODIUM COCO-SULFATE, COCO-GLUCOSIDE, GLYCERIN**, LAURYL GLUCOSIDE, POLYGLYCERYL-4 CAPRATE, GLYCERYL OLEATE, HYDROLYZED ALGIN, PHENETHYL ALCOHOL, SUCROSE, CAMELLIA SINENSIS LEAF*, LYSOLECITHIN, CITRUS AURANTIFOLIA OIL*, PARFUM, COCO-CAPRYLATE, XANTHAN GUM, SODIUM HYALURONATE, LACTIC ACID,SODIUM CHLORIDE, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, LIMONENE.
 
Како што можете да забележите од декларацијата, по водата во производов е присутен екстракт од алое вера гел и потоа микс од сурфактанти кои се во склад со природната и органска козметика. Освен зелениот чај и екстрактот од микроалга кои се заштитен знак на оваа колекција, може да забележиме други одлични состојки за нега на косата како на пример лисолецитин кој е всушност еден вид на лецитин во течна состојба која содржи фитостероли кои се одлични како за кожата така и за косата. Освен тоа лецитинот во козметиката се користи и како емулгатор. Шампонов содржи и шеќери кои ја хидрираат и омекнуваат косата, ја прават свиленкаста и мека.

Како што можевте да видите од сликата погоре, производов има прозирна гел структура. Нежен е за косата и склапот иако навистина ја остава пефектно чиста. Прави убава пена на самата коса. Јас секогаш го нанесувам на многу мокра коса растворен во една пластична чашка со малку вода.
 
Според мене овој шампон е идеален за сите оние девојки кои имаат проблем со масен корен а суви врвови. Една од најкомплицираните работи е негата на ваков вид на коса бидејќи шампоните за масна коса одговараат за темето, ама премногу го сушат остатокот од косата, а оние за сува пак премногу го мастат коренот. Верувајте ми со шампонов сте ги решиле двата проблеми истовремено. Косата е свиленкаста убава и чиста, а истовремено негувана.

2. Регенератор за коса
 
ДЕТОКС НА КОСАТА ВО ГРАДСКИТЕ СРЕДИНИ СО ПРОИЗВОДИТЕ ANTI POLLUTION НА URTEKRAM

Регенераторот за коса од оваа линија има за цел да ја омекне косата и да ја направи истата полесна за расчешлување.

(INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF EXTRACT *, GLYCERIN **, CETEARYL ALCOHOL, COCO-CAPRYLATE, LECITHIN, GLYCERYL CAPRYLATE, SODIUM CETEARYL SULFATE, OLUS OIL, CAMELLIA SINENSIS LEAF *, CITRUS AURANTIFOLIA OIL *, HYDROLYZED ALGIN, PHENETHYL ALCOHOL, SUCROSE, CETYL ALCOHOL , GLYCERYL STEARATE SE, MAGNOLIA OFFICINALIS BARK EXTRACT, TOCOPHEROL, BETA-SITOSTEROL, SQUALENE, SODIUM HYALURONATE, PARFUM, LIMONENE

Како состав ги содржи истите екстракти и активни состојки кои претходно ги разгледавме во шампонот со разлика на тоа шт не ги содржи истите сурфактанти од шампонот (инаку би имал измивачка моќ). Доколку имате посува коса слободно нанесете го по целата должина на косата и на коренот. Во спортивно нанесете го само на врвовите на косата и по должината и оставете да делува минутка две. Доколку имате премногу масна коса или пак тенко влакно, во тој случај користете го овој балсам пред да ја измиете косата со шампон. Нанесете го прво балсамот, па потоа измијте ја косата со шампон. На тој начин балсамот ќе омекне и негува, а косата нема да ви изгледа тешка или помасна.

3. Интензивен третман за регенерација на косата
 
Драги мои бидете многу многу внимателни, бидејќи ова е дефинитивно мојот најомилен производ не само од оваа марка, туку општо досега (од сѐ останато што имам пробано досега). Станува збор за интензивен третман за нега и регенерација на косата кој верувејте ми прави чуда. Кога најнапред го земав (пред да го отворам и пробам секако) си помислив дека станува збор за класичните третмани за коса кои досега сум ги пробала и кои премногу омекнуваат и ми ја сплескуваат косата, меѓутоа немате појма колку не сум била во право.

INCI: Glycerin, Butyrospermum Parkii Shеa Butter, Olea Europea Fruit Oil, Coco Caprylate, Sucrose Stereate, Camelia Sinesis Leaf, Citrus Aurantifolia Oil, Hydrolized Algin, Penethyl Alcohol, Sucrose, Sucrose Palmitate, Tocopherol, Beta Sitosterol, Squalene, Parfum, Acqua, Limonene

Моето прво изненадување беше структурата на овој производ која како што може да забележите од сликата воопшто не е кремаста туку гел структура, меѓутоа преминува во млечна откако ќе го нанесете врз косата.
 
Ова се должи на одличната комбинација на сите состојки во самиот производ. На прво есто има глицерин кој ја омекнува косата. Ова дејство е потпомогнато и од шеќерите присутни во овој производ и од екстрактите. На втора позиција има шеа путер после кој може да забележиме маслиново масло, кои се многу стратешки ставени за интензивно хранење и нега на косата. Знаеме дека шеа путерот е незаменлив кога станува збор за оштетена коса со расцветани врвови, додека маслиновото масло има огромна хранлива моќ. И двете состојки (шеа путерот и маслиновото масло) се богати со несапунифицирани состојки кои се од огромна важност за здрава и убава коса. Мора да напоменам дека овој производ има добиено награда за најдобар производ на саемот Vivaness 2019.

На следниве слики може да го видите ефектот само од употребата на шампонот и третманот за регенерација
 
Третманот воопшто не ја масти косата што за мене е од огромно значење. Со оглед на тоа што имам тенко влакно, претпочитам производи кои хранат, даваат сјај на косата, негуваат, а воопшто не мастат. Слободно ја користам по шампонирањето и ја држам околу 5 мин. Косата како што може да видите на сликата е мека сјајна и што е најважна има волумен бидејќи третманот не ја сплескува.

Сиката во продолжение се резултат од употребата на сите три производи заедно. Најнапред го користам балсамот, потоа мијам со шампон и на крај третманот
 
Косата е сјајна, негувана и убава, меѓутоа има помалку волумен поради балсамот кој многу омекнува. Доколку имате густа коса нема да се приметува воопшто, ова е проблем само кај девојките кои имаат тенко влакно како моето. Затоа и претходно кажав дека третманот за регенерација е како создаден за тенка коса.

Сите овие производи може да ги најдете на штандот на Белина во трговските центри Рамстор и Сити Мол како и во продажното место во Капиштец, по цена од 475 мкд, а секако може да се нарачаат и онлајн на следниов линк. Мислам дека станува збор за одличен производ со многу нормална цена, доколку земеме предвид дека многу други огански марки имаат доста позвисоки цени.

За на крај драги мои што да ви кажам, користете ги вистинските производи за нега на косата и слободно шетајте и уживајте по градските средини. Производите на Уртекрам ќе се погрижат да вашата коса биде позаштитена од дејството на околината и загадениот воздух.
 
Ние се читаме наскоро со многу други рецензии, а дотогаш ве гушкам.
Вики
Оставете коментар