Пребарување
Filters
Close

Комплетна анти ејџ нега на кожата со DR. KONOPKA'S

Прочитајте го новиот блог на Биодевојка, со рецензија за дел од нашите производи!

Здраво драги мои,
 
откако пред извесно време на форумот фемина објавив дека моментално ги тестирам анти ејџ производите за лице на Др. Конопка од кои сум презадоволна (особено од серумот), добив многу барања што побрзо да објавам статијата со рецензија за истите. Па еве ме драги мои, сѐ за вас. 
 
Станува збор за една линија која е сертифицирана органска и што е најважно со одлична цена, наменета за сите оние кои не можат да си дозволат скап органски производ за лице, а сепак не сакаат да се одречат од квалитетот и задоволувачкиот ефект на производот. Производите кои денес ќе ви ги претставам: серумот за лице со екстракт од љубичица, кремот за лице за анти ејџ нега и регенеративниот крем за нега на кожата околу очите, не само што имаат одлична цена, туку и одлична декларација и ефект врз кожата. Да не должам многу, ајде да започнеме.
 
1. Серум за лице со екстракт од љубичица
 
 
Започнувам со мојот омилен производ од оваа линија, односно серумот за лице со хидратантно и омекнувачко дејство со екстракт од љубичица. Еве ја декларацијата на овој производ
 
NCI: Aqua, Glycerin, Carrageenan, Triticum Vulgare Germ Oil*, Viola Odorata Extract*, Salvia Officinalis Leaf Water*, Caprylyl/Capryl Wheat Bran/Straw Glycosides, Fusel Wheat Bran/Straw Glycosides, Polyglyceryl-5 Oleate, Sodium Cocoul Glutamate, Glyceryl Caprylate, Xanthan Gum, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Parfum, Citric Acid, Lomonene, Linalool, Benzyl Benzoate.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)
 
По водата и глицеринот во овој серум може да се забележи масло од пшенични никлулци кое е богато со вит. Е и од огромна важност за здрава и еластична кожа на лицето. Потоа има екстракт од љубичица која има омекнувачко дејство и го изедначува тенот на лицето и хидролат од жалфија. 
 
Би сакала да обратите внимание на една многу важна работа во овој производ, односно солубилизаторот или растворувачот кој обично се користи кога има присуство на екстракти и мириси во еден производ. Во многу серуми (скоро сите кои ги имам сретнато кај нас на пазарот) може да се најде една состојка пропилен гликол, која се користи како солубилизатор на екстракти која мене воопшто не ми се допаѓа. Во овој производ има микс нa следниве состојки:  Caprylyl/Capryl Wheat Bran /Straw Glucosudes, Aqua, Fusel Wheat Bran /Straw Glycosides, Polyglyceryl-5 Oleate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Caprylate
 
Станува збор за еден природен и еколошки микс за солубилизирање, односно растворање на екстракти во сите видови на водени производи како серуми, тоници за лице, разни спрејови итн. Ова драги мои е доказ дека доколку еден производител сака да направи убав производ секогаш може да најде соодветни природни и еко био состојки за истиот. Нема потреба да се користат лоши состојки како пропилен гликол под изговор дека е потребен за растворање на екстрактите во производот. За сѐ имa aлтeрнaтива. 
 
 
Станува збор за производ направен со малку состојки, меѓутоа одлично избрани и меѓусебно искомбинирани, а токму ваквиот вид на производи ми се омилени. Се нанесува на убаво исчистена кожа на лицето и тоа две капки најнапред убаво се раствораат помеѓу прстите и се нанесуваат на лицето. Уште по првата недела од употребата ќе забележите дека кожата е помека и посвиленкаста, а по месец дена употреба ќе забележите видно подобрување на квалитетот на кожата. Истата ќе делува покомпактна, позатегната и тенот ќе биде изедначен.
 
Цената на овој серум е 320 мкд. и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk.
 
2. Анти ејџ крем за лице


Станува збор за еден производ наменет за нормална кожа која покажува први знаци на стареење или пак позрела кожа со брчки. Овој производ има пред сѐ многу пријатна текстура, одлично хидрира и храни, а што е најважно не остава масна трага на кожата. Истата бргу го апсорбира и со текот на користењето станува помека, поеластична, се намалува видливоста на брчките и самата кожа има преубав сјај. Ајде најнапред да ја разгледаме декларацијата на овој производ.
 
NCI: Aqua, Coco-Caprylate/Caprate, Glyceryl Stearate, Caprylic/Capric Triglyceride, Octyldodecanol, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Rubus Idaeus Seed Oil*, Melilotus Albus Flower/Leaf/Stem Extract*, Saccharide Isomerate, Lavandula Angustifolia Oil*, Mentha Piperita Leaf Water*, Mentha Piperita Oil*, Chamomilla Recutita Flower Water*, Anthemis Nobilis Flower Extract*, Nuphar Luteum Root Extract*, Angelica Archangelica Root Water*, Althaea Officinalis Root Extract*, Hamamelis Virginiana Water*, Rosa Canina Fruit Extract*, Sodium Citrate, Caprylyl/Capryl Wheat Bran/Straw Glycosides, Fusel Wheat Bran/Straw Glycosides, Polyglyceryl-5 Oleate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Caprylate, Secale Cereale Seed Extract*, Amaranthus Spinosus Seed Oil*, Cedrus Atlantica Wood Oil*, Linum Usitatissimum Seed Oil*, Ribes Nigrum Leaf Water*, Rubus Idaeus Fruit Extract*, Camellia Oleifera Seed Oil*, Rosa Canina Fruit Oil*, Tocopherol, Xanthan Gum, Sodium Stearoyl Glutamate, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Parfum, Citric Acid, Limonene, Linalool, Geraniol.
(*) ingredienti biologici da agricoltura biologica

По водата на прва позиција како база на овој крем за лице може да забележиме комбинација на следниве состојки: коко каприлат капрат, глицерил стереат, каприлик каприк триглицерид, октилдодеканол, глицерин и масло од малина. Оваа комбинација му дава разни особини на овој производ, или подобро кажано соединува повеќе разни особини со цел да се добие еден комплетен функционален производ. Првото масло односно коко каприлат капрат е производ на кокосовото масло. Ова има големо хранливо и омекнувачко дејство врз кожата. Во комбинација со полесното масло каприлик каприк и омекнувачката состојка глицерил стереат се добива производ кој хидрира, меѓутоа не ја масти кожата, а сепак ја омекнува и ја прави свиленкаста на допир. Октилдодеканолот во еден производ се користи најнапред за даде омекнувачко дејство на емулзиите, меѓутоа се користи и како солубилизатор, односно растворач на состојките како на пример мириси, потоа растителни керамиди итн. (во производов има претходници на растителните керамиди, односно масните киселини  од оние масла кои се богати со омега 3 и 6 масни киселини како во случајов маслото од ленено семе и маслото од малина). Обично се користи претежно во формулите наменети за комбинирана кожа, меѓутоа во случајов е ставен за да го направи самиот производ полесен за размачкување и кожата побрзо да го апсорбира, како и за полесно растворање на растителните керамиди во производот. 
 
Она што на некој начин е ознака на самиот крем е маслото од малина и екстрактот од малина (за екстрактите ќе говорам во продолжение). Маслото од малина е еден од најмоќните антиоксидантни состојки за нега на кожата (тука спаѓа и маслото од шипка исто така присутно во овој производ). Благодарение на својот состав и присуството на омега 3 и 6 масни киселини, маслото од малина е едно од најмоќните состојки која успева видно да ги подобри оштетувањата на кожата од UV зраците. Штом го отворите кутичето, веднаш се чувствува мирис на малина кој е прекрасен (барем според мој вкус). Глицеринот го зголемува хидратантното и омекнувачкото дејство на овој производ. 
 
 
Од самата декларација може да забележиме присуство на масло од лаванда, масло од шипка, масло од нане, масло од камелија и масло од ленено семе. Потоа употребени се хидролати (природни растителни води) од хамамелис, камилица и црна рибизла, како и екстракти од ангелика и малина. Навистина доста убава декларација и разни состојки кои се надополнуваат со цел да дадат еден комплетен производ кој има повеќе дејства врз кожата. Го користев во текот на месец дена и еве ги моите импресии. Кремот веднаш се апсорбира и со редовна употреба (наутро и навечер) по месец дена структуратa на кожата е видно подобрена, самата кожа има поголем тонус, брчките се помалку видливи (ова секако зависи и од длабочината на брчките и состојбата на кожата) и се забележува подобрување на тенот на кожата. 
 
Се нанесува по серумот, мала количинa убаво се масира врз кожата сѐ до комплетно впивање на производот. Цената на овој крем е само 360 мкд. (има навистина многу креми со полоша декларација кои чинат петпати повеќе) и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, како и онлајн на bellina.mk
 
3. Регенеративен крем за нега на кожата околу очите
 
 
Негата на лицето не е комплетна доколку ја запоставиме зоната околу очите. Токму затоа, во оваа статија, како трет чекор за комплетна нега на лицето би сакала да ви го предложам овој прекрасен регенертивен крем за нега на нежната кожа околу очите. Ајде како и за претходните два, најнапред да ја разгледаме декларацијата на истиот.
 
INCI: Aqua, Coco-Caprylate/Caprate, Glyceryl Stearate, Cetearyl Alcohol, Glycerin, Caprylic/Capric Triglyceride, Octyldodecanol, Angelica Archangelica Root Water*, Melilotus Albus Flower/Leaf/Stem Extract*, Secale Cereale Seed Extract*, Amaranthus Spinosus Seed Oil*, Cedrus Atlantica Wood Oil*, Linum Usitatissimum Seed Oil*, Ribes Nigrum Leaf Water*, Chamomilla Recutita Flower Water*, Anthemis Nobilis Flower Extract*, Rubus Idaeus Fruit Extract*, Rubus Idaeus Seed Oil*, Camellia Oleifera Seed Oil*, Rosa Canina Fruit Extract*, Rosa Canina Fruit Oil*, Caprylyl/Capryl Wheat Bran/Straw Glycosides, Fusel Wheat Bran/Straw Glycosides, Polyglyceryl-5 Oleate, Sodium Cocoyl Glutamate, Glyceryl Caprylate, Tocopherol, Xanthan Gum, Sodium Stearoyl Glutamate, Benzyl Alcohol, Dehydroacetic Acid, Sodium Benzoate, Potassium Sorbate, Parfum, Citric Acid, Limonene, Linalool
* ingredienti biologici
Овој производ има слична база како кремот за лице со тоа што се менуваат некои масла и екстракти специјално наменети за нега на тој дел од лицето. Содржи комплекс на активни состојки и екстракти патентирани како бр. 49 кои всушност претставуваат комплекс на антиоксиданти состојки, витамини и минерали неопходни за задржување на еластичноста на кожата и спречување на губитокот на вода во тој дел на лицето. 
 
Хидролатот од ангелика има антивоспалително дејство и го подобрува тонусот на кожата давајќи и оптимална хидртација. Хидролатот од камилица има смирувачко и ленитивно дејство и одличен е во производите за нега на кожата околу очите. Црната рибизла, малината и дивата роза се вистински извор на витамини кои имаат антиоксидантно дејство и го спречуваат предвременото стареење на кожата. Амарантот е богат извор на Б витамин кој е од неопходна важност за убавината и здравјето на кожата. 
 
 
Маслото од ќедрово дрво има дренантно дејство и е одлично во случај на подуени подочници, и секако екстрактот од кантарион има антивоспалително дејство, омекнувачко дејство и ја смирува иритираната кожа. 
 
Се користи на чиста кожа на пределот околу очите со блага масажа од надворешниот дел на окото па кон внатрешноста и обратно, без многу притисок. 
 
Цената на овој крем е 215 мкд. и истиот може да се најде на штандот на Белина во трговските центри Сити Мол и Рамстор во Скопје и Палма Мол во Тетово, како и во продажниот салон на Белина во Капиштец, Art of Living, и онлајн на bellina.mk
 
Драги мои за помалку од 1000 мкд (поточно 895 мкд.) ќе си купите комплетна линија за нега на кожата која е органска и со убава декларација, а толку би потрошиле само за еден крем од некоја друга марка  (а можеби и многу повеќе). Затоа и на почетокот напоменав дека Др. Конопка е марка специјално направена за сите оние кои сакаат да си приуштат органска нега за пониска цена без притоа да се откажат од квалитетот и ефикасноста на истата. 
 
Јас се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ќе ги пробате овие производи за нега на лицето. Ние се читаме наскоро, а дотогаш ве гушкам и ви посакувам сѐ најдобро. 
 
Вики

 

Оставете коментар