Пребарување
Filters
Close

Bellina отсега и во Ramstore Mall Скопје

вторник, 29 јануари 2019

Ви го најавуваме големото отворање на нашиот нов продажен штанд во Ramstore Mall Скопје.

Она што како проект почнавме да го развиваме во вид на онлајн продавница, продолжува секојдневно да се надградува и развива, а главната цел ни е задоволување на потребите на потрошувачите.

Заради зголемениот интерес и барање од потрошувачите, нашите производи да бидат уште подостапни на нашиот пазарот, одлучивме да отвориме и штанд во Ramstore Mall. Штандот ќе биде лоциран на првиот спрат, веднаш пред продавницата MINI SO. 

Штандот ќе биде место каде што ќе можете да најдете голем дел од производите од нашите брендови: JFenzi, Organique и Urtekram, кои ги имаме моментално во палетата за продажба на нашата веб страна.

Штандот ќе почне со работа во 10:00 часот наутро на 05.02.2019 (вторник), а официјалното отворање ќе биде во 18:00 часот истиот ден. Во периодот од 18:00 до 20:00 часот, сите присутни ќе ги забавува познатата поп пејачка Симона Поповска. Како што веќе знаете, Симона е наше заштитно лице.

Дополнително, во периодот од 05.02.2019 - 10.02.2019 Ви го најавуваме нашето учество во настанот Garage Sale и Ви најавуваме големи попусти.

Повелете на нашиот нов штанд во Ramstore Mall и уверете се сами во високиот квалитет на нашите производи, кои се со убедливо најконкурентни цени на пазарот.

Оставете коментар