Пребарување
Filters
Close

ORGANIC PEOPLE

Eurobio Lab е релативно млада Естонска компанија, специјализирана за производство на природна и органска козметика во согласност со највисоките Европски стандарди, а чии производи имаат пристапни цени.

Нашата фабрика за производство е сертифицирана по меѓународните стандарди - ISO 9001 и ISO 22716 (GMP). Технолозите кои ги создаваат нашите производи се висококвалификувани специјалисти, со експертиза во развојот на модерни и природни козметички формули. Најголемиот дел од нашите производи, се сертифицирани од некоја од најголемите институции за сертификација на природна и органска козметика како Ecocert (Франција), BDIH (Германија) или ICEA (Италија).

Во моментов произведуваме над 600 различни производи под 9 различни брендови како на пример: Dr. Konopka's, Organic Kitchen, Organic People, Planeta Organica и други. Во нашата палета можат да се најдат производи за нега на лице, тело, коса, за нега на бебиња и деца, па сѐ до козметика за домаќинство. Нашите производи се продаваат во повеќе од 63 држави ширум светот!

 

Речиси секојдневно, преку медиумите дознаваме за производи како зеленчук и овошје, полни со пестициди, ГМО, штетни адитиви, парабени и други состојки. Токму затоа, желбата да се биде „поблиску до природата“ и грижата за себе и нашата планета да ни бидат приоритет, ни стана животна филозофија на многумина од нас.

И навистина, зошто да се користи хемија, кога природата може да ни даде повеќе? Оттука произлезе и нашиот сон, за создавање на природна и безбедна козметика во правата смисла на зборот - „Organic People“.

Рецептите на производите се базираат на природни состојки, збогатени со високоефикасни органски екстракти и масла, од контролирано органско земјоделство. Високата концентрација на активни состојки, ги прават овие производи да бидат исклучително ефикасни.

Сите органски екстракти се внимателно одбрани, во зависност од намената што ја има секој производ.

Повеќето наши производи се сертифицирани од страна на ICEA. Главните принципи на најреномираната Италијанска институција за сертифицирање на природни и органски производи, се почитта кон луѓето и природата, како и заштитата на животната средина. Овој сертификат е гаранција за сите потрошувачи, дека производите ги задоволуваат и исполнуваат најстрогите Европски норми и прописи.

Со текот на времето, го издигнавме „Organic People“, да не биде само бренд, туку начин и стил на живот.

Види како
Подреди по
Приказ по страна

GREEN CLEAN ALOE / ОРГАНСКИ ДЕТЕРГЕНТ ЗА ЧИСТЕЊЕ САДОВИ ОД АЛОЕ ВЕРА - 500 МЛ.

ДЕЗИНФЕКЦИЈА • ЧИСТЕЊЕ
ЕКСТРАКТ ОД АЛОЕ ВЕРА • ЕКСТРАКТ ОД ЧИЧОК • КОРЕЈСКИ ГИНСЕНГ • ВИТАМИН Е
07 EUR

GREEN CLEAN ORANGE / ОРГАНСКИ ДЕТЕРГЕНТ ЗА ЧИСТЕЊЕ САДОВИ ОД ПОРТОКАЛ - 500 МЛ.

ДЕЗИНФЕКЦИЈА • ЧИСТЕЊЕ
ЕКСТРАКТ ОД ПОРТОКАЛ • ВОДА ОД ЖАЛФИЈА • ЕКСТРАКТ ОД НЕВЕН
06 EUR

Filter by:

Clear All