Пребарување
Filters
Close

Испорака и рекламации

КАКВА Е ПРОЦЕДУРАТА НА НАРАЧУВАЊЕ?

Откако ќе ги нарачате посаканите производи, во најкус можен рок ќе стапиме во телефонски контакт со Вас, со цел да ги потврдиме Вашите информации за достава на нарачката. Потоа веднаш пристапуваме кон процесирање на Вашата нарачка.

 

КОЛКУ ЧИНИ ИСПОРАКАТА НА ПРОИЗВОДИТЕ НА BELLINA.MK?

Секоја нарачка од нашата е-продавница, која е во вкупна вредност од или над 800 ден. се доставува бесплатно до Вашиот дом на целата територија на Република Македонија. За нарачките во вредност помала од 800 ден., се наплаќа надоместок за поштарина во висина од 110 ден., дополнително на сумата за производите.

 

КАКОВ Е НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ?

Со цел да Ви овозможиме наједноставен и најсигурен начин на плаќање, ние работиме на принципот плаќање на врата во готово (во денарска противвредност). Така, Вие не сте обврзани да го плаќате производот однапред, туку дури откако ќе го добиете и утврдите дека сè е во ред.

 

ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ ЈА ДОБИЈАМ НАРАЧКАТА?

Доколку станува збор за Скопје, испораката на производот ќе биде извршена во рок од 24 часа од процесирањето на нарачката. Испораката на производите во сите други поголеми населени места во Македонија се извршува во рок од 1-2 работни дена од процесирањето на нарачката. Во најмалите градови и села, можно е испораката да се врши 1-2 пати неделно. За ова најдобро да се консултирате со нас околу точните денови на достава.

 

ДАЛИ МОЖАМ ПРОИЗВОДИТЕ ДА ГИ ПОДИГНАМ ОД КАЈ ВАС?

  

Секако! Иако Bellina.mk функционира како он-лајн продавница, доколку сте заинтересирани да ги тестирате нашите производи или пак сакате да ги купите во некое од нашите продажни места, можете да нè посетите:

-  Во нашата канцеларија во населба Капиштец, на ул. Народен Фронт бр. 3/3, Локал 2 (зад Цветен Пазар), 1000 Скопје. Работното време е од понеделник до петок (државните празници се неработни) од 10:00 до 17:00 часот.

- На нашиот продажен штанд во Скопје Сити Мол кој се наоѓа на првиот кат, веднаш пред продавницата LC WAIKIKI. Работното време на продажниот штанд е секој ден од 10:00 до 22:00 часот, вклучувајќи ги и викендите и државните празници. 

- На нашиот продажен штанд во Рамстор Мол Скопје кој се наоѓа на првиот кат, веднаш пред продавницата NANA. Работното време на продажниот штанд е секој ден од 10:00 до 22:00 часот, вклучувајќи ги и викендите и државните празници.

- На нашиот продажен штанд во Палма Мол Тетово кој се наоѓа на приземјето, веднаш пред влезот на супермаркетот RAMSTORE. Работното време на продажниот штанд е секој ден од 10:00 до 22:00 часот, вклучувајќи ги и викендите и државните празници.

- Во просториите на сите наши соработници низ Македонија (парфимерии, златари, фризерски и козметички салони и сл.). Листата на соработници и нивните адреси се наведени во главното мени под името „Продажни локации“. Целосната понуда на производи, која се наоѓа на нашиот вебсајт, можете да ја најдете само во нашите сопствени продажни локации (Капиштец, Сити Мол, Рамстор Мол и Палма Мол). Кај нашите соработници, понудата на производи е ограничена.

ЗАБЕЛЕШКА: За време на некои државни празници, можно е да се работи со скратено работно време на штандовите во трговските центри, така што во овие случаи Ве молиме да се информирате или на нашата фејсбук страна @bellina.mk или пак на нашиот контакт телефон 078 885 333.

 

ДАЛИ СЕ ВОЗМОЖНИ РЕКЛАМАЦИИ НА ПРОИЗВОДИТЕ?

Секако. Доколку забележите оштетување на нарачаните производи при испораката или доколку добиете производ кој не истоветува со Вашата нарачка, Ви стоиме на располагање да го добиете она што Ви следува во најкус можен рок.

ЗАБЕЛЕШКА: Доколку рекламацијата се јави по примањето на пратката од курирот, компанијата си го задржува правото да не ја признае истата. Затоа Ве молиме при примопредавање на пратката од страна на курирската служба (која е наш надворешен соработник), да ја утврдите состојбата на производот пред ја примите. Исто така не се признаваат рекламации кадешто причината е недопаѓање на производот.

 

ДАЛИ СЕ ВОЗМОЖНИ ПРОМЕНИ ВО ВРСКА СО ИСПОРАКАТА ПО ПОТВРДУВАЊЕТО НА ИСТАТА?

Сè додека Вашата нарачка не биде предадена на брзата пошта, можете да нè известите по електронска пошта или по телефон за било какви промени во однос на испораката на Вашата нарачка - contact@bellina.mk или на 078 885 333.

 

Со почит,

Вашиот Bellina.mk тим.