BOOST / 3 МИНУТЕН СКАЛП ТРЕТМАН ЗА РАСТ НА КОСА - 100 МЛ.

1.535 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 4751009820675

ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ • ВОЛУМЕН
ЕКСТРАКТ ОД ЛИСИЧАРКА • ЦИНК • КОФЕИН
Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за коса , Третман за коса
  • Дејство / Ефект - Прочистување (Purification) , Еластичност (Elasticity) , Против опаѓање (Anti-Hair-Loss) , Волумен (Volume) , Стимулира раст
  • Сертификати - Ecocert COSMOS NATURAL
  • Брендови - Mádara
  • Наменето за - Коса
  • Тип на коса - Нормална коса

Овој 3 минутен стимулирачки третман базиран на габи, за пред миење на косата, го полни вашиот скалп со енергизирачки активни состојки за целосни и поцврсти прамени. Формулиран е со ревитализирачки кафеин и цинк, како и амино киселини, витамин ниацин (Б3) за раст, патотенска киселина (Б5) за задебелување на влакното од уникатната Лисичирка. Се бори против стареење на скалпот, губиток и истенчување на коса. Го зголемува волуменот кај корените.

ВО ФОКУС:

Екстракт од Лисичарка за подолги и поцврсти прамени.

Физичкиот и емоционалниот стрес, изложеноста на УВ, промената на годишните времиња, лошата исхрана, недостатокот на есенцијални хранливи материи, лошите навики за нега и стилизирање на коса - сите овие фактори негативно влијаат на растот, дебелината, отпорноста и сјајот на косата. Екстрактот од Northern Chanterelle содржи витамини за зголемување на растот – ниацин (Б3), биотин (Б7) и патотенска киселина (Б5), како и 12 амино киселини, 32 различни актиоксиданти и бета – глукани кои помагаат ефективно да се зајакне кревката, фина коса, да се неутрализира штетното влијание од околината и да се обнови природната виталност, сила и сјај на вашата коса. Со збогатување на нашите формулации со кафеин и цинк, кои ги енергизираат фоликулите и ја зголемуваат микроциркулацијата, создадовме единствен режим во 3 чекори за нега на коса за зголемен раст, за подолги, поцврсти и посјајни прамени.

РАСТ – го прочистува скалпот, овозможува раст на коса, подобрува еластицитет, зголемува волумен, контролира масност.

СОСТОЈКИ

Поради уникатниот состав од Б витамин групите, амино – киселините и антиоксидантите, екстрактот од Chanterelle габите ги гарантира сите потребни предуслови за  зајакнување и раст на косата. Цинкот го нормализира скалпот, додека кафеинот ја стимулира микроциркулацијата, помагајќи да се спречи губиток на косата и истенчување.


ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА ПРОИЗВОДОТ:

Што е цуклусот раст на коса?

- Три различни фази се забележуваат во циклусот на раст на косата. 85% до 95% од косата е во фаза на активен раст или анаген (трае неколку години), останатите 5-15% е во катаген (фаза на транзиција, кога косата повеќе не расте - оваа фаза трае неколку недели) или телогената фаза (трае од неколку недели до неколку месеци). На крајот од телогената фаза, косата секогаш паѓа и се заменува со нова. Во скалпот има просечно 100.000 фоликули (луѓето со руса коса имаат најмногу фоликули, луѓето со црвена коса - најмалку), и нивниот број не се менува за време на животот. Ова значи дека новата коса секогаш ја заменува косата што паднала.

Што го предизикува губитокот на косата и истенчувањето?

- Има безброј причини кои што можат да предизвикаат губиток на коса и истенчување – процес на стареење, недостаток на есенцијални хранливи материи во вашата исхрана, стресни животни периоди, бременост, хормонска/хормонална нерамнотежа, наследност и одредени болести.

Која е просечната количина на коса што здрав човек ја губи дневно?

- Здрав човек губи просечно 50 – 200 влакна дневно, и не треба да биде загрижен за оваа количина.

Се чини дека јас губам малку повеќе коса при примена на овој третман – зошто е тоа така? Треба ли да се загрижам и да престанам со користење?


- Бидејќи серумот се нанесува на сува коса, извршувајќи стимулациска масажа, нормално е да се забележи малку повеќе падната коса за време на плакнење или после тоа. Ова е исто така резултат на механичко влијание, и оваа количина на влакна секако би ја загубиле - за време на сушењето, чешлањето или допирањето потоа. Имајте на ум дека масажата на скалпот и секое миење значат дополнително оптеретување за косата. Серумот ги снабдува фоликулите на косата со неопходни хранливи состојки за здравјето на скалпот и растот на косата, стимулирајќи го растот на новата - и овие влакна природно ги заменуваат влакната што паѓаат на крајот од фазата на телоген. Не грижете се!

Чувстувам мало пецкање за време на и после користењето на овој третман,  дали е тоа нормално?

- Да, нормално е да се забележи благо пецкање кога се започнува со примена на третмани за раст на косата. Активните состојки во производот ја стимулираат микроциркулацијата во скалпот, а споменатите сензации укажуваат на дејството и ефективноста на производот.

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Масирајте активно на сув скалп. Измијте после 3 минути. Проследете со шампон. Користете 2 – 3 пати неделно.

За најдобри резултати, користете го во комбинација со МADARA GROW VOLUME шампонот и регенераторот.

СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, CHANTHARELLUS CIBARIUS (CHANTERELLE) EXTRACT, ALCOHOL, GLYCERIN, PCA GLYCERYL OLEATE, URTICA DIOICA (NETTLE) LEAF EXTRACT, ZINC PCA, AROMA, CARRAGEENAN, CELLULOSE GUM, CAFFEINE, XYLITYL, GLUCOSIDE, ANHYDROXYLITOL, CERATONIA SILIQUA GUM, SUCROSE, HYDROLYZED KERATIN, XYLITOL, LACTIC ACID, LIMONENE, GERANIOL, LINALOOL, CITRONELLOL, SODIUM BENZOATE.

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.



Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре