100% PURE / ЕКСФОЛИРАЧКА СОЛ ЗА КАПЕЊЕ ОД МРТВО МОРЕ - 250 ГР.

648 МКД 925 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 5999860582526

ЕКСФОЛИЈАЦИЈА • РЕГЕНЕРАЦИЈА
СОЛ ОД МРТВО МОРЕ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Сол за капење
  • Дејство / Ефект - Регенерација (Repairing/Regenerating) , Ексфолијација (Exfoliating)
  • Брендови - SkinDivision
  • Тип на кожа - Сите типови на кожа
  • Наменето за - Тело

Впијте ги смирувачките моќи на чистите минерали од Мртвото море.

Нежната, но абразивна текстура на солта од Мртвото море е одличен ексфолијатор, кој комбиниран со неговото високо ниво на натриум, помага да се отстранат мртвите клетки од кожата, оставајќи ја свежа и ревитализирана. Минералите како калциум, цинк и калиум делуваат на задржување на влажноста, помагајќи и на вашата кожа да остане мека, исполнета и хидрирана. Солта од Мртвото море има одлични анти-габични, анти-микробни и анти-бактериски својства кои помагаат да се исчистат и детоксифицираат порите, вадејќи ги маслата и различните типови на нечистотии. Ова помага да се елиминираат акните, мозолките, црнките и милиите. Смирувачка купка во вода со нашата сол од Мртвото море помага да се смират алергии, егзема и псоријаза на кожата. Богатите минерали делуваат на ексфолијација на мртвата кожа, смируваат воспаленија и се борат со алергените и микробите.

ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
100% чиста сол за капење.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

СОЛ ОД МРТВО МОРЕ: Мртвото море е езеро со сол без излез на море кое се граничи со Јордан на исток и израел и Палестина на запад. Со 34.2% соленост, тоа е едно од најсолените водени површини во светот, а единствен ривал му е само хипер-солените езера на Антарктикот, Џибути и Каспиското море. Солта од Мртвото море содржи 10х повеќе минерали од нормалната морска сол. Минерали кои може да асистираат во чистење, детоксификација и обновување на здрав статус кво на телото, особено кај кожата и мускулите. Овие минерали вклучуваат:
Магнезиум – одличен за детоксификација и чистење на епидермисот. Го промовира клеточниот метаболизам и во некои наврати помага да се залечи оштетена или воспалена кожа.
Калциум – промовира регенерација на кожата, задржува влажност преку создавањето себум и стимулира создавање на антиоксиданти.
Натриум – помага во чистење и ексфолијација на кожата, неутрализира слободни радикали кои ги дегенерираат клетките на кожата и ги ослободуваат мускулите од болка.
Цинк – помага во лечење и подмладување на кожата, се бори со акните и ги заштитува липидите и фибробластите на кожата кои создаваат колаген.
Калиум – одличен за одржување хидрирана и исполнета кожа; намалува отеченост.
Сулфур – помага да се отпушат порите. Има моќни заздравувачки, антифунгални, антимикробни и антибактериски својства.

-    100% природно
-    Хипоалергено
-    Не содржи алкохол
-    100% не содржи мириси
-    Веганско
-    Не содржи парабени
-    Cruelty free
-    Дерматолошки тестирано


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Ставете добра количина (околу 2 полни раце) во кадата, во топла вода (36-38С). Времетраењето на капењето не треба да биде подолго од 20 минути. Користете 1-2 пати неделно. 1 рака е доволна за миење на стапалата. Ве молиме не го чувајте овој производ во тушот или било кое друго мокро место и внатрешност на пакувањето допирајте го само со целосно суви раце за да избегнете кристализација на шеќерот од формулата. Добро затворете по употреба.


СОСТОЈКИ (INCI): MARIS SAL (DEAD SEA SALT).
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре