BAKUCHIOL / СЕРУМ ЗА ЛИЦЕ СО 1% БАКУХИОЛ - 30 МЛ.

1.295 МКД 1.850 МКД

Цена со 18% ДДВ.


Баркод: 5999860582564

СМИРУВАЊЕ • ПОДМЛАДУВАЊЕ
БАКУХИОЛ • СКВАЛАН • БИСАБОЛОЛ

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Серум за лице
  • Дејство / Ефект - Смирување (Soothing/Calming) , Подмладување (Rejuvenation)
  • Брендови - SkinDivision
  • Тип на кожа - Чувствителна кожа , Сите типови на кожа
  • Наменето за - Лице

Здраво резултати, чао Ретинол!

Овој природен, клинички докажан серум со растителна алтернатива на ретинол која нуди ефективност и придобивки како ретинолот, со исклучок на непосакуваните ефекти на иритација, сензитивност и црвенило. Дизајниран да помогне во промовирањето на помлад тен, овој лесен серум базиран на масло, ја носи нежната моќ на 1% Бакухиол, кој стимулира создавање на колаген и еластин, измазнувајќи го изгледот на фини линии и брчки. За основа на овој серум го земавме нашиот квалитетен маслинов сквалан кој непосредно ја заклучува есенцијалната влажност, промовира еластицитет и ја поддржува самостојната природна заштитна бариера на кожата. Зајакнат со витални антиоксиданти – рузмарин и витамин Е, плус природно добиен бисаболол за смирување на сензитивна кожа. Овој неверојатно нежен серум може да се користи наутро и навечер и е погоден за сите кои не толерираат ретинол.

ШТО Е ОВОЈ ПРОИЗВОД?
Серум со растителна алтернатива на ретинол.

КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:

1% БАКУХИОЛ: Добиен од растението Бабјак, бакухиолот е богат со витамин А и природно го имитира дејството на ретинолот – зголемувајќи го нивото на колаген и подобрувајќи го еластицитетот на кожата. Ова помага драматично да се промени изгледот на фините линии и брчки – исполнувајќи и затегнувајќи ја кожата. Не само што добро делува како и ретинолот, туку и значително е понежен кон кожата – не суши и е совршен за сензитивна кожа. Исто така добар е за чистење на акни.
МАСЛИНОВ СКВАЛАН: Нашиот квалитетен сквалан е лесно, multi-tasking масло, со високи перформанси, мега-навлажнувачко кое непосредно хидрира, измазнува фини линиии и ја затвора есенцијалната влажност во кожата. Одржливо добиено  од маслинка, па е веганско и cruelty free.
БИСАБОЛОЛ: Ова е еден од активните делови од камилицата, кој содржи околу 30% бисаболол. Тој е чиста маслена течност која што се користи во козметиката како добра анти-воспалителна и смирувачка состојка.
ЕКСТРАКТ ОД РУЗМАРИН: Делува како моќен антиоксидант кој ja штити кожата.

-    Идеален производ за сите типови на кожа (вклучително и сензитивните типови)
-    Не содржи алкохол
-    Не содржи вештачки мириси
-    Вегански производ
-    Не содржи парабени
-    Не содржи презервативи
-    Производот не е создаден со тестирање врз животни
-    Дерматолошки тестиран производ

КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете 4-6 капки на чисто лице, врат и деколте. Масирајте како третман кој не се измива. Оставете да впие 2 минути, пред да прејдете на следниот чекор од вашата рутина. Внимавајте кога нанесувате во пределот на очите, за да избегнете да влезе од производот во нив. Користете наутро и навечер за најдобри резултати. Искомбинирајте со вашиот омилен бустер и/или масло од SkinDivision.


СОСТОЈКИ (INCI): SQUALANE (OLIVE-ORIGIN), CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDES, COCO-CAPRYLATE, C12-15 ALKYL BENZOATE, BAKUCHIOL, HELIANTHUS ANNUUS (SUNFLOWER) SEED OIL, TOCOPHEROL (VITAMIN E), BISABOLOL, ROSMARINUS OFFICINALIS (ROSEMARY) LEAF EXTRACT.
Повремено нашите формули се менуваат како резултат на нашата посветеност кон иновација. Затоа, листата со состојки прикажана овде, може да се разликува од амбалажата на производот во зависност од времето и регионот на купување.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре