YOGI TEA / SWEЕT CHILI ОРГАНСКИ ЧАЈ - x17

225 МКД

Цена со 5% ДДВ.

  1.0 (1)

Баркод: 4012824400290

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Чај
  • Дејство / Ефект - Чувство на задоволство
  • Сертификати - Soil Association COSMOS ORGANIC , Vegan
  • Брендови - Yogi Tea
  • Дополнителни информации - Не се препорачува при хипертензија

Слатко чили

YOGI TEA® Sweet Chili комбинира сладост со пријатна пикантност. Чај кој наликува на самиот живот, со јин и јанг. Препознатливиот вкус на чоколадото е како удобноста во домот, додека свежината на нане и прстофат чили не испраќаат на патување. Богато искуство на кое сакаме да му се препуштаме одново и одново!


АКТИВНИ СОСТОЈКИ:

ЧИЛИ ПИПЕРКА

Чили пиперките се сезонски растенија од семејството на ноќни шипки кои првенствено успеваат во сончеви земји како Мексико, Индија, Тајланд и Танзанија. Нивната природна лутост ги прави едни од најпопуларните зачински растенија во светот.

ЛУШПИ ОД КАКАО

Дрвото какао, кое првично потекнува од дождовните шуми во Латинска Америка, е првенствено чудесно за зрната - основната суровина на чоколадото. Но, лушпите од зрната какао исто така изобилуваат со слатко-мека арома и содржат многу помалку калории.

СЛАДУНЕЦ

Сладунецот е познати уште од античко време. Неговата моќ на засладување е околу 50 пати посилна од онаа на шеќерот. Има благо-сладок и горчлив вкус.


Начин на употреба: Прелијте ја ќесичката со 250 ml свежо зовриена вода. Оставете да отстои 7 минути или подолго за посилен вкус. Додадете млеко или замена за млеко и засладувач по вкус.


Состав: Сладунец*, лушпи од какао*, нане*, морач*, анасон*, ѓумбир*, пеперминт*, коприва*, цимет*, чили пиперка*, кардамом*, каранфилче*, црн пипер*.

Содржи слaдунец - луѓето кои страдаат од хипертензија треба да избегнуваат прекумерна употреба.

*состојки од органско потекло

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

МАРИЈА
03/04/2023
Воопшто не ми се допадна, не вреди за парите.

Bellina Bellina

Почитувана Марија,

За жал, не успеавме да најдеме никаква нарачка во нашиот систем под параметрите кои ни се системски видливи оставени при вашиот коментар. Исто така не успеавме да најдеме нарчка која содржи комбинација од производите, за кои имате оставено коментар (ниту онлајн, ниту во нашите физички продажни локации).

Затоа би Ве замолиле да ни го пратите бројот на нарачка или нарачки, со цел да провериме за што точно се работи и дали има некаков проблем со производите.

Убав ден!

Со почит,

Тимот на Bellina.mk

Поврзани производи

Најгоре