URTEKRAM / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ЧИА ЛЕПЧИЊА - 440 ГР.

290 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 5701058004150

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Urtekram
  • Наменето за - Главен оброк
  • Дополнителни информации - Без глутен

Со смесата за леб без глутен од чиа семе на URTEKRAM можете да направите вкусни сунѓерести лепчиња кои се совршени за појадок или може да ги спакувате за ручек. Мешавината за чиа лепчиња без глутен е органска и богата е со растителни влакна. Лесно се подготвува и смесата можете да ја припремите еден ден претходно.


Брз рецепт за подготовка на лепчиња од чиа семе без глутен:

1. Потребни состојки:

- Смеса за леб од чиа семе

- 6 g квасец

- 6,5 dl топла вода

- Масло за јадење

- Чиа семе


2. Начин на подготовка:

Обложете правоаголен плех со фолија. Лесно намачкајте го врвот на фолијата со масло.

Загрејте ја водата и истурете ја во голем сад. Растворете го квасецот во вода, измешајте со жица за матење.

Додадете ја содржината на ќесичката и мешајте додека тестото не стане мазно. Истурете го тестото во тавата. Одозгора посипете малку чиа семе.

Покријте со најлонска фолија и оставете да стаса на собна температура неколку часа. После тоа, ставете го во фрижидер уште најмалку 2 часа. Тестото ќе се подобри ако го чувате во фрижидер преку ноќ.

Загрејте ја рерната на 220 степени и извадете го тестото од фрижидер. 

Тестото исечете го на 8 парчиња и внимателно ставете ги парчињата во обложениот плех. Печете ги кифличките приближно 20 минути. По печењето оставете ги да се изладат околу ½ час.

Од едно пакување од смесата за чиа лепчиња се добива тесто погодно за тавче од 1,8 литри. Садот треба да биде приближно 14x20 cm и висина од најмалку 6 cm.


Состав: Овесно брашно* (без глутен), оризово брашно*, брашно од киноа*, лушпа од псилиум*, семе од чиа* 5%, сол (јод).

* органско потекло


Пакување: 440 g.


Складирање: Да се чува на собна температура, на суво место.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1460 kJ/350 kcal

Масти: 7 g

од кои заситени: 1 g

Јаглехидрати: 55 g

од кои шеќери: 0.8 g

Растителни влакна: 14 g

Протеини: 10 g

Сол: 2.01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре