URTEKRAM / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА БУРГЕР ЛЕПЧИЊА - 440 ГР.

275 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 5701058004174

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Urtekram
  • Наменето за - Главен оброк
  • Дополнителни информации - Без глутен

Со безглутенската смеса за бургер лепчиња на URTEKRAM можете да направите вкусни класични лепчиња за бургери. Совршени за бургери и сендвичи. Смесата за бургер лепчиња без глутен е органска и богата со растителни влакна. Лесно се подготвува и може да се подготви и еден ден претходно.


Рецепт за смеса за бургер лепчиња без глутен:

1. Потребни состојки:

- 1 ќесичка од смесата за бургер лепчиња

- 600 g млака вода

- 15 g свеж квасец без глутен

- 40 g сончогледово масло


2. Начин на подготовка:

Земете сад со облик на лепче за бургер. Може да ви послужи стаклен сад со дијаметар од 12 cm, висок 5,5 cm кој приближно собира 3 dl, односно би направиле 6 бургер лепчињата во зависност од големината.

Обложете ги калапите каде ќе се печат лепчињата со сончогледово масло. Земете голем сад за матење и додадете го квасецот со водата во садот и изматете додека не се раствори.

Додадете масло а потоа и смесата со брашно во садот за матење и матете додека не се добие густа каша без грутки.

Веднаш потоа истурете го тестото во калапите каде ќе се печат лепчињата и оставете го на собна температура неколку часа.

Кога тестото добро ќе нарасне, ставете го со калапите во фрижидер минимум 2 часа. По можност преку ноќ.

Вклучете ја рерната на приближно 200 степени целзиусови и извадете го тестото од фрижидер.

Извадете го тестото од калапот и внимателно ставете го на плех обложен со хартија за печење. Намачкајте ги лепчињата со млеко или изматено јајце и посипете ги со сусам.

Лепчињата се печат приближно 20 минути. По печењето оставете ги да се изладат околу 1/2 час пред да се јадат.


Состав: Оризово брашно *, пченкарно брашно *, брашно од киноа *, шеќер од трска *, лушпи од псилиум *, сол (додаден јод). 

* органско потекло


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1480 kJ/350 kcal

Масти: 2 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 73 g

од кои шеќери: 10 g

Растителни влакна: 7 g

Протеини: 7 g

Сол: 1,84 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре