URTEKRAM / ОРГАНСКА БЕЗГЛУТЕНСКА СМЕСА ЗА ФОКАЧА - 470 ГР.

210 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 5701058004181

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Смеса
  • Сертификати - European Union Organic Certification
  • Брендови - Urtekram
  • Наменето за - Главен оброк
  • Дополнителни информации - Без глутен

Со безглутенската смеса за фокача леб со рузмарин на URTEKRAM добивате вкусен леб кој одлично се вклопува како додаток на вашето италијанско јадење и во спакуваниот ручек. Мешавината за фокача леб без глутен е органска и богата е со растителни влакна. Лесно се подготвува и смесата можете да ја припремите еден ден претходно.


* Како основа на смесата со брашно се користи оризово брашно, така што смесата за фокача е целосно без овес.


Брз рецепт за подготовка на фокача со рузмарин без глутен:

1. Потребни состојки:

- Смеса за фокача леб

- 10 g квасец

- 6 dl вода

- Маслиново масло

- Маслинки без семки

- Прстофат сол и свеж рузмарин


2. Начин на подготовка:

Обложете го садот за печење со хартија за печење. Истурете ја водата во голем сад и растворете го квасецот во водата. Мешајте со жица за матење. Додадете ја содржината на ќесичката и измешајте ја смесата се додека не се изедначи. Тестото веднаш истурете го на плехот и израмнете го со приближна дебелина од 2 cm.

Покријте го плехот со најлонска фолија и оставете го тестото да стаса на собна температура неколку часа. Откако тестото ќе нарасне, со прстот направете дупчиња во тестото и во дупчињата ставете маслинки.

Ако тестото се залепи за прстот, можете да го навлажнете прстот со маслиново масло. На крајот, посипете со маслиново масло врз целиот леб. Одозгора посипете малку прстофат сол.

Печете го фокача лебот на приближно 220 степени, на 20 минути додека неговата површина не добие убава златно-кафеава боја. Готовиот леб можете да го декорирате со свеж рузмарин.


Пакување: 470 g.


Складирање: Чувајте на собна температура, на суво место.


Состав: Оризово брашно*, интегрално пченкарно брашно*, оризово брашно*, лушпи од псилиум*, шеќер од трска*, сол со додаден јод, рузмарин* (0,4%). 

*органско потекло


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1460 kJ/345 kcal

Масти: 2 g

oд кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 72 g

oд кои шеќери: 6 g

Растителни влакна: 7 g

Протеини: 6 g

Сол: 1,2 g


Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре