BJORG / ОРГАНСКИ РАСТИТЕЛЕН ПИЈАЛАК ОД БАДЕМ БЕЗ ШЕЌЕР - 1 Л.

190 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 3229820787015


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Растителен пијалак
  • Сертификати - European Union Organic Certification , Vegan
  • Брендови - Bjorg
  • Дополнителни информации - Без шеќер

Ова бадемово млеко без шеќер од Bjorg е вкусно и со малку заситени масни киселини, што го прави идеален партнер за појадок и за сите гурмански паузи во текот на денот.


- Со ниско ниво на заситени масни киселини

- Не содржи шеќер

- 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло


Рецепт за подготовка на каша со ф'стаци и кајсија (без лактоза):

Потребни состојки:

1/2 шолја каша од 3 зрна од Bjorg

1 чаша вода

1/2 шолја бадемово млеко без шеќер од Bjorg

нерафинирана сол

1 супена лажицa компот или џем од кајсии

1 супена лажица обичен или ванилин јогурт од соја

излупени ф'стаци

Време за подготовка: 15 минути.


Начин на подготовка: Додадете ги кашата, водата, растителниот пијалок и малку сол во сад со средна големина и оставете да зовријат. Варете на тивок оган, мешајќи, 3-4 минути се додека смесата не се згусне. Тргнете од оган. Истурете ја топлата каша во чинии, додадете го компотот или џемот од кајсии, обемна лажица јогурт од соја и украсете со парчиња ф'стаци. Уживајте!


Kарактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија. Бадемите кои се употребуваат при подготовка на овој растителен пијалок се внимателно одбрани од медитеранскиот регион*.

*приоритетен извор на снабдување


Состав: Бадемово млеко* (вода, бадеми* 2,8%), оризовиот скроб*, природен арома на бадем, морска сол, стабилизатори: гуар гума*, ксантанска гума.

*органски состојки


Пакување: Капачето од пакувањето е направено од шеќерна трска (100% обновлив ресурс).


Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 104 kJ/25 kcal

Масти: 1,7 g

од кои заситени: 0,2 g

Јаглехидрати: 1,6 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Протеини: 0,7 g

Сол: 0,05 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре