Цена со 5% ДДВ.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Мелем за душа
Ако вашиот ден не oди според планираното, Soul Balm ја поканува вашата душа да се опушти. Освојувачкиот мирис на лушпите од какао го топли срцето. Во комбинација со сладок црвен чај и овошни ноти од портокал, сигурно ќе предизвика насмевка на вашето лице.
Активни состојки:
ЛУШПИ ОД КАКАО
Какао дрвото, кое оригинално потекнува од Латино Американските прашуми, е првично познато по своите зрна - основниот сиров материјал од чоколадо. Но, лушпите од овошните какао зрна, исто така испуштаат нежно слатка арома и содржат многу помалку калории.
ЦРВЕН ЧАЈ
До ден денес, црвената грмушка, која исто така е наречена ројбос, од семејството на мешунки, се одгледува ексклузивно на кедар планините во Јужна Африка. Растејќи во висина од два метри, растението се бере еднаш годишно. Од листовите се прави црвен чај, кој е овошно благ и малку сладок на вкус национален пијалак во Јужна Африка.
КОРА ОД ПОРТОКАЛ
Портокалот е најчесто одгледуваното цитрусно овошје во светот. Оригинално доаѓа од Азија, а, на Европа и бил претставен во 15 век. Неговата кора содржи бројни есенцијални масла, а, вкусот е сличен на овошната пулпа од самото овошје, но не е толку слатка и е малку погорчлива.
Начин на употреба: Прелијте ја ќесичката со 250 ml свежо зовриена вода. Оставете да отстои 8 минути или подолго за посилен вкус.
Состав: Цимет*, сладунец*, лушпи од какао*, ројбос*, печена цикорија*, хибискус*, ѓумбир*, ѕвезден анасон*, меден цвет*, кора од портокал*, рогач*, природен екстракт од какао*, цветови од син слез*, какао во прав со намалени маснотии*, црн бибер*, масло од портокал*, зрна од ванила*, екстракт од ванила*.
Содржи слaдунец - луѓето кои страдаат од хипертензија треба да избегнуваат прекумерна употреба.
*состојки од органско потекло
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар