YOGI TEA / GREEN TEA GINGER LEMON ОРГАНСКИ ЧАЈ x17

225 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4012824402058


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Чај
  • Дејство / Ефект - Освежување на организмот
  • Сертификати - Soil Association COSMOS ORGANIC , Vegan
  • Брендови - Yogi Tea

Зелен чај со ѓумбир и лимон

Прошетка во зелена природа, свеж воздух, умерено вежбање. Природни бои, мириси и звуци. Ова се работите кои ги буди овој чај, додека комбинацијата од зелен чај и ѓумбир ни дава свеж внатрешен поттик. Со балансот од лимон и билки, оваа композиција има пријатно свеж и не многу пикантен вкус.


Активни состојки:

ЃУМБИР

Дали во Божиќните бисквити или како мешавина од кари во лимонада, ѓумбирот е меѓу најпознатите пикантни растенија во светот. Илјадници години е одгледуван на тропските горештини во источна Азија. На многу од нашите YOGI TEA им дава овошно топол и ароматичен пикантен вкус. 

ЗЕЛЕН ЧАЈ - СЕНЧА

Нашиот сенча чај се добива во градина за чај која е во сопствеништво на Hunan Tea Company Limited од Кина. Листовите за чај ги берат неколку земјоделци на нивните органски фарми и имаат многу мек, избалансиран вкус.

ЛИМОН

До денешен ден, се уште не се знае од каде всушност доаѓа лимонот - член на цитрусната фамилија. Се претпоставува дека потекнува од северот на Индија. Поради неговиот освежувачко кисел вкус, веќе илјадници години е распостранет по светот.


Начин на употреба: Прелијте ја ќесичката со 250 ml свежо зовриена вода. Оставете да отстои 5 минути.


Состав: Зелен чај*, ѓумбир*, сладунец*, лимонова трева*, масло од лимон*, кора од лимон*, пеперминт*, црн пипер*, масло од ѓумбир*.

Содржи слaдунец - луѓето кои страдаат од хипертензија треба да избегнуваат прекумерна употреба.

*состојки од органско потекло

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре