Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

HARMONICA / ОРГАНСКИ БИСКВИТИ СО „GHEE“ ПУТЕР - 80 ГР.

120 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800218254502


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Бисквити
  • Сертификати - Non-GMO
  • Брендови - Harmonica
  • Наменето за - Ужинка

Овие слатки, мали бисквити имаат многу пријатен, лесен, воздушен и крцкав вкус со слатка арома богата со путер. Направени од брашно од емер пченица и кравји ghee путер, тие се богати со растителни влакна и едноставно се неодоливи по вкус. Ги создадовме за да можете да уживате во класичната верзија на бисквити со кои сите сме пораснале и по кои сите копнееме. Совршени се за деца и возрасни. Во едноставно пакување, погодни за носење, идеални за појадок, долги прошетки и патување. Исто така, би ви препорачале да ги натопите во крем сирење или утринското кафе. Верувајте ни, нема да зажалите!


- Органски сертифициран производ

- Без ГМО


Начин на подготовка: Сите состојки се мешаат додека не се добие посакуваното тесто за бисквити. Потоа продолжуваме да мешаме долго време, додека тестото не е подготвено за месење. Правиме долги засеци по што се добива потребната форма на колачиња и ги печеме се до добивање на совршена боја и вкус. На крај - се оставаат да се изладат и се спремни за пакување.


Пакување: Засега, бисквитите се достапни само во пакување од 80 грама - не многу, но доволно добро за попладневна ужина.


Состав: Oрганско брашно од емер пченица (31,8%), органско бело пченично брашно, органски кравји ghee путер (7,69%), органски шеќер, органско полномасно млеко во прав, органски екстракт од слад, хималајска сол, органска ванила, средство за нараснување, натриум бикарбонат, амониум бикарбонат, ензим.

Интегралното брашно од емер пченица е побогато со растителни влакна и е древна автохтона култура која е зачувана до ден-денес без хибридизација и вкрстување.

Го додаваме кравјиот ghee путер поради неговиот неверојатен вкус и високата точка на чадење.

Без скроб, без гликозен-фруктозен сируп и без рафинирани масти, без средства за сјај, без конзерванси и без стабилизатори.


Хранливи вредности на 100 гр:

Енергија: 1753 kJ/417 kcal 4,4%

Масти: 11,4 g 16,3%

од кои заситени: 8,3 g 41,3%

Јаглехидрати: 64,3 g 24,8%

од кои шеќери: 22,8 g 25,3%

Протеини: 9,5 g 18,9%

Сол: 0,7 g 11,3%

Растителни влакна: 9,7 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре