Цена со 10% ДДВ.
Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.
Бесплатна достава над 950 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Органскиот путер од кокос од Dragon Superfoods е одлична состојка за готвење и печење и можете да го користите во голем број на вегански рецепти. Се добива од сиров кокос преку процес на мелење на исушенaта внатрешност на кокосот се додека не се добие мазна и кремаста текстура. Органскиот путер од кокос доаѓа од органските фарми во Шри Ланка и е без хидрогенизирани масти, вештачки ароми или конзерванси.
- Органски производ
- Погоден за вегани
Начин на употреба: Органскиот путер од кокос е многу разновидна состојка со широка примена и е одличен за готвење и печење. Поради ниската содржина на влажност може да се употребува и како додаток во тесто за приготвување на леб или колачи. Може да се користи и во смути или да се додаде во какао/кафе за сите оние кои избегнуваат млечни производи. Можете исто така мошне едноставно да го трансформирате во кокосово млеко со растворање на 50 гр. од органскиот путер од кокос во 100 мл. топла вода. Всушност, тој е толку вкусен што многу луѓе го јадат само со лажица, директно од тегла!
Состав: 100% Kокос*.
*од органско земјоделство
Складирање: Да се чува на ладно и суво место. Откако ќе се отвори, да се чува во фрижидер и да се искористи во рок од 3 дена.
Хранливи вредности на 100 g:
Енергија: 2938 kJ/711 kcal
Масти: 68 g
од кои заситени: 44 g
Јаглехидрати: 17 g
од кои шеќери: 6,2 g
Протеини: 8 g
Сол: 0,01 g
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар