Почитувани, поради празниците кои наближуваат и големиот број неработни денови, Ви најавуваме пролонгирана достава на Вашите нарачки. Ви благодариме на разбирањето, трпението и Ви посакуваме среќни празници! ❤️💐🍀

JUST TASTE / ОРГАНСКИ БЕЗГЛУТЕНСКИ ШПАГЕТИ ОД ЕДАМАМ - 250 ГР.

335 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4260651480019

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Овие органски безглутенски шпагети се направени од зелена соја и треба да се варат само 5 минути. Едно пакување е доволно за 600 g варени тестенини. Вкусни се послужени топли со сос или послужени ладни во салата. 



- Богати со протеини

- Вегански производ



Наш предлог за рецепт: Едамам шпагети со арабиата сос (за сервирање на 3-4 лица).


Потребни состојки:

- 500 g модри патлиџани

- 400 g парчиња домати (конзерва)

- 4 чешниња лук

- 1 црвен кромид

- 2 лажици чили масло

- Сол, бибер и прстофат шеќер

- 1 лажичка италијански билки

- 250 g Едамаме шпагети



Начин на подготовка:

1. Модрите патлиџани се сечат на половина по должина, се бланшираат во врела вода 5 минути, се вадат и се сечат на ситни парчиња.

2. Парчињата модар патлиџан зачинете ги со издробениот лук и исечканиот кромид со сол, бибер и шеќер, пропржете ги во чили масло на силен оган и додадете ги доматите по 5 минути. Додадете половина шолја вода и оставете го сосот да врие. Додадете италијански билки на крајот.

3, Сварете ги тестенините во солена вода до ал денте, исцедете ги тестенините и измешајте го сосот со шпагетите.



Начин на употреба: Додадете ги тестенините во зовриената солена вода и варете ги 5 минути додека да бидат ал денте.



Состав: Зелена соја од сертифицирано органско земјоделство.



Алергени: Зелена соја.



Складирање: Да се ​​чува на ладно и суво место.



Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 1247 kJ/298 kcal

Масти: 3,8 g

од кои заситени: 0,7g

Јаглехидрати: 9,1 g

од кои шеќери: 8,1 g

Растителни влакна: 27,5 g

Протеини: 43 g

Сол: < 0,01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре