ARCHE / ОРГАНСКИ ШИРАТАКИ ТЕСТЕНИНИ - 294 ГР.

320 МКД

Цена со 5% ДДВ.


Баркод: 4020943131582

Coming soon

Сакате да бидете известени кога овој продукт ќе биде достапен?

Внесете ја својата е-пошта и ќе Ви пратиме порака кога продуктот ќе биде достапен на залиха.


Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Ширатаки тестенините потекнуваат од Јапонија и се направени од коренот на дрвото Конјац (Amorphophallus konjac). Големите корени се мелат во прав и се мешаат со вода, со што се добива нискокалорична и ниска-јаглехидратна смеса за тесто кое се користи за правење на различни тестенини. Кога се сирови, тестенините имаат мирис на алги и море, но мирисот исчезнува откако ќе се исплакнат со топла вода и притоа не влијае на вкусот. Со органски ширатаки тестенини во форма на шпагети можете да приготвите многу јадења бидејќи лесно ги впиваат зачинетите ноти од сосовите. Одлични се за подготовка на разни пржени азиски јадења со тестенини или можете да ги сервирате како шпагети со вашиот омилен карбонара или болоњезе сос. Со време за готвење од само една минута, тие се особено погодни за подготовка на брзи оброци.


- Погодни за вегани

- Погодни за вегетаријанци

- Не содржат глутен


Сертификат: Органски печат на одобрување, органски симбол на ЕУ / не-ЕУ.


Начин на подготовка: Органските шпагети Ширатаки ставете ги во цедалка. Исплакнете со топла вода додека повеќе не можете да ја почувствувате аромата на морските алги. Варете ги шпагетите во многу зовриена вода една минута. Исцедете ги и послужете по желба.


Состав: Вода, брашно од корен на дрвото коњац* (Amorphophallus konjac) 2,8%, калциум хидроксид.

*од сертифицирано органско земјоделство


Складирање: Откако ќе се отвори, се чува на ладно место и се консумира во рок од 2 дена.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 56 kJ/14 kcal

Масти: < 0,5 g

од кои заситени: < 0,1 g

Јаглехидрати: 1,4 g

од кои шеќери: < 0,5 g

Протеини: < 0,5 g

Сол: < 0,01 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре