Известување: од 01.07.2024 новото работно време во продажните локации BELLINA-Капиштец и BELLINA-Настел, Тафталиџе ќе биде 09:00-21:00h Понеделник-Петок и 09:00-17:00h во Сабота

HARMONICA / ОРГАНСКА ГРАНОЛА СО ПУТЕР ОД КИКИРИКИ И КАКАО - 250 ГР.

405 МКД

Цена со 10% ДДВ.


Баркод: 3800218255110


Бесплатна достава над 1500 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Органската гранола со путер од кикирики и какао можете да ја конзумирате натопенa во млеко, кефир или јогурт, или можеби директно од кутијата ако брзате. Ќе ве исполни со енергија наутро, попладне или во кое било време од денот. Оваа гранола од хељда е веганска, не содржи глутен и шеќер, сушена е (не печена) и има активирани семиња за полесно да се вари. Активираните семиња се во фаза пред да никнат и се полни со хранливи материи. Спакувана во прекрасна кутија, оваа гранола е крцкава и вкусна, бидејќи комбинацијата од путер од кикирики и какао во прав секогаш функционира совршено.


- Органски сертифициран производ

- Не содржи глутен

- Не содржи ГМО

- Вегански производ


Начин на подготовка: Оваа гранола во Harmonica ја подготовуваат со активирање на семето - за да можете сами да го искористите богатството од хранливи материи. Потоа, следи процес на бавно и нежно сушење. За разлика од печењето, сушењето на гранолата значи дека состојките остануваат сирови и ги зачувуваат нивните хранливи својства. Семките од сончоглед и хељда се активираат, а потоа се сушат на ниска температура речиси 24 часа. Потоа се мешаат со останатите состојки и содржината се пакува.


Состав: Органска хељда, органски путер од кикирики, органско какао во прав, органски семки од сончоглед, органски семки од тиква, органски урми, органски чипс од кокос, органски нектар од агаве, органски какао путер, морска сол.


Хранливи вредности на 100 g:

Енергија: 2007,9 kJ/481,8 kcal

Масти: 29,4 g

од кои заситени: 10,4 g

Јаглехидрати: 38,3 g

од кои шеќери: 16,9 g

Растителни влакна: 6 g

Протеини: 13 g

Сол: 0,08 g

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Поврзани производи

Најгоре