Цена со 18% ДДВ.
Бесплатна достава над 1500 ден.
Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!
Време на испорака: 1-2 работни дена
Оваа крема за тело од Océane ја храни и осветлува кожата со блескава палета од бои, прекривајќи ја со суптилен и вкусен мирис. Нејзините ревитализирачки активни состојки од морско потекло (алга ламинарија и морски анасон) заедно со навлажнувачките и негувачки состојки помагаат да се врати мекоста и еластичноста на кожата. Крема за тело замислена околу исконскиот, природен мирис на суво масло. Shimmer кремaта е наменета за употреба на тело.
Кремастата текстура со природен пигмент не се затемнува и не остава дамки. Нејзиниот мирис се состои од ноти на кора од лимон, проследен со мирисни ноти на пулпа од егзотично овошје, цвет Tиаре и Иланг-Иланг, за нежно да заврши со мирис на островска ванила...
За кого е наменета оваа нега?
Формулирана за сите типови кожа, за секаков тен.
Сертификати: COSMOS ORGANIC сертифициран од ECOCERT Greenlife според стандардот COSMOS.
Клучни состојки:
- Alaria esculenta, екстракт од алги од брегот на Атлантикот: И помага на кожата да ја врати флексибилноста и еластичноста.
- Морски анасон, поморски растителен вид од океанските брегови: Jа ревитализира кожата.
- Органски глицерин: Хидрира.
- Органска алое вера: Навлажнува, смирува.
- Органско кокосово масло: Навлажнува, штити.
- Органски шеа путер: Храни.
Веганска формула: производот не содржи суровини од животинско потекло и не е тестиран на животни (во согласност со законодавството на ЕУ).
Област на апликација: Тело.
КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Да се користи наутро и/или навечер на сува кожа.
СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, COCOS NUCIFERA OIL*, GLYCERIN, BUTYROSPERMUM PARKII BUTTER *, OLUS OIL, OCTYLDODECANOL, ACACIA DECURRENS/JOJOBA/SUNFLOWER SEED CERA/POLYGLYCERYL-3 ESTERS, CETEARYL ALCOHOL, GLYCERYL STEARATE CITRATE, PARFUM, CRITHMUM MARITIMUM EXTRACT, ALARIA ESCULENTA EXTRACT, XYLITYLGLUCOSIDE, ANHYDROXYLITOL, XYLITOL, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE POWDER*, SODIUM HYALURONATE, SODIUM LEVULINATE, CETEARYL GLUCOSIDE, XANTHAN GUM, MICA, LINOLEIC ACID, CARAMEL, CITRIC ACID, SODIUM ANISATE, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE, SODIUM PHYTATE, CI 77491, TOCOPHEROL, ETHYL LAUROYL ARGINATE HCL, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL, LINALOOL, OLEIC ACID, GERANIOL, PALMITIC ACID, BENZYL BENZOATE, LIMONENE, STEARIC ACID, LINOLENIC ACID, BENZYL ALCOHOL.
*состојки од органско земјоделство
100% од вкупните состојки се од природно потекло
35,6% од вкупните состојки се од органско земјоделство
Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!
Оставете коментар