ACTIVE SOLUTIONS "CORE RESTRUCT" / ТОНИК ЗА ЛИЦЕ СО СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ - 100 МЛ.

1.055 МКД

Цена со 18% ДДВ.

  4.9 (8)

Баркод: 4603766014012

СМИРУВАЊЕ • РЕГЕНЕРАЦИЈА
БИСАБОЛОЛ • ARGININE • INULIN

Бесплатна достава над 950 ден.

Комбинирајте ги паметно вашите нарачки!

Време на испорака: 1-2 работни дена

  • Тип на производ - Тоник за лице
  • Дејство / Ефект - Смирување (Soothing/Calming) , Регенерација (Repairing/Regenerating)
  • Сертификати - Ecocert COSMOS ORGANIC
  • Брендови - True Alchemy
  • Тип на кожа - Чувствителна кожа
  • Наменето за - Лице

Концентрирано и високоефективно решение специјално наменето за лице. Лек за сензитивна и иритирана кожа. Бисабололот има директен антивоспалувачки, заздравувачки ефект, обновува оштетени делови, ја “смирува” кожата и ослободува од стрес. Аргининот ја смалува сензитивноста на кожата на надворешни стимули, превенирајќи воспалителни реакции. Ектоинот создава обвивка на површината на клетките, заштитувајќи ги од стрес факторите.

Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојќи и заштитувајќи ја од надворешни фактори.

Испитувања покажале дека природниот бисаболол добиен од растителни материјали, е дупло поефективен од неговата синтетичка аналогија: црвенилото предизвикано од УВ радијацијата, се смалува за четвртина, уште во првата недела; липооксигеназа, циклооксигеназа, како и воспалителни процеси предизвикани од овие провокатори се инхибирани. Аргининот е делумно заменлива амино киселина, вклучена во меѓуклеточната синтеза на азотен оксид (NO-nitric oxide), која што има биолошка улога во стимулирањето ангиогенеза и борбата со воспалителните процеси. Ектоинот е универзален биозаштитник на протеините, нуклеинските киселини и целите клетки. Поради способноста да привлече водни молекули, ектоинот создава силни врски со нив, формирајќи заштитен слој.


Индикации (наменето за): Кожа склона на иритации, црвенила, воспаленија и хиперсензитивност на надворешни фактори.

Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.

Пропратни ефекти: Индивидуална интолеранција на активните состојки е можна.


25% состојки од органско потекло

99,5% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC


КАКО ДА СЕ КОРИСТИ: Нанесете со помош на вата на целото лице и врат, или на проблематичните делови од лицето пред употреба на крема, или серум. Количината зависи од потребата.


Да се чува на суво и темно место, на температура од +5C до +25C.


СОСТОЈКИ (INCI): AQUA, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE *, GLYCERIN, GLYCERYL CAPRYLATE, PENTYLENE GLYCOL, BENZYL ALCOHOL, L-ARGININE, INULIN, LACTIC ACID, BISABOLOL, BETAINE, CARRAGEENAN, TOCOPHEROL, ECTOIN, BENZOIC ACID.

Оставете коментар

Вашиот коментар беше успешно испратен и ќе се прикаже по одобрување

Ви благодариме за споделеното мислење и за вашата доверба!

Jasmina C.
23/08/2022
Одличен, го смирува лицето и дава посебно чувство на хидратација.

Ружица
27/06/2022
Одличен тоник за сензитивна кожа поради смирувачкиот ефект. И ја хидрира кожата.

Е.С.
16/05/2022
Одлично ја хидрира кожата, предобар производ за сензитивна кожа, навистина има смирувачки ефект!

Aни
16/05/2022
Предобар тоник за навлажнување на лицето пред ставање на Леврана спф.

Elena Gagaleska
10/04/2022
Predobra hidratacija

Мими Ристова
28/03/2022
Одличен за хидратација на кожа!

Викторија Спенџарска
06/02/2022
Веќе недела дена како го користам овој тоник како дел од рутина, кожата на лицето никогаш не ми изгледала поздрава. Дефинитивно го препорачувам!

Ангел М
30/11/2021
За регенерација на кожата предобар.

Поврзани производи

Најгоре