Органскиот таан од интегрален сусам од Bett’r е направен исклучиво од совршено печено семе од сусам. Со супер фина и кремаста текстура како и без додадени масти, овој таан е идеален за подготовка на салати, десерти и смути.
Таанот од сусам може да се комбинира и со солена и со слатка храна. Некои од најчестите солени комбинации содржат лимон, нане и наут. Слатките комбинации се со мед, какао, урми и слично. Разновидните употреби и нутритивниот состав се причините поради кои таанот станува се пораспространет и посакуван за конзумирање.
Меленото семе од сусам има многу придобивки за човечкото тело. Некои од најпознатите придобивки се поврзани со метаболизмот, како намалување на холестерол, високо ниво на калциум и цинк, поддршка во борбата против артритис, висок крвен притисок, мигрена и астма. Друг интересен факт за таан-от од сусам е дека една лажица таан содржи речиси иста количина на железо колку и 100 gr. црвено месо. Ова го прави одличен извор на железо во исхраната кај вегетаријанци, вегани и лица со анемија.
Таанот никогаш не бил толку фино мелен! Пробајте го затоа што се состои од:
– 100% природни и органски состојки
– Супер мазна и кремаста структура благодарение на новата технологија за фино мелење на јаткасти плодови
– Богат извор на протеини
– Компатибилен со кето диета
Reviews
There are no reviews yet.