fbpx
bg_image

Органски растителен пијалак бадем Intense – 1 л.

275,00 ден

Out of stock

Баркод: 3229820129112 Шифра: 003339 Категории: 3 , , Бренд:

Ако сте љубител на бадеми, сигурно ќе го засакате овој растителен пијалок со интнзивен вкус на бадеми од Bjorg! За вкусни моменти во секое време од денот!

– Со ниско ниво на заситени масни киселини

– 100% растителна основа**

**100% од земјоделските состојки се од растително потекло

Карактеристики: Овој растителен пијалок се произведува во фабриката на Bjorg во Италија, која се напојува со 100% одржлива енергија. Бадемите кои се употребуваат при подготовка на овој растителен пијалок се внимателно одбрани од медитеранскиот регион*.

*приоритетен извор на снабдување

Вегетаријански рецепт за подготовка на панакота со ф‘стаци:

Потребни состојки за подготовка на панакота:

60 ml растителен пијалак од бадем intense од Bjorg

60 ml хопла од бадем од Bjorg

0,5 g средство за желатирање од Bjorg

5 g сируп од агаве (или мед)

Време за подготовка: +1 час

Потребни состојки за подготовка на паста од ф’стаци:

5 g ф’стаци

5 g бланширани бадеми

1 g сируп од агаве (или мед)

малку масло од кикирики

Начин на подготовка: Во сад за готвење измешајте и загрејте растителен пијалак од бадем intense, хопла од бадем и агаве сируп (или мед). Веднаш штом ќе почне да се појавуваат меурчиња, додадете го средството за желатирање и варете 2 минути со постојано мешање со жица, со цел рамномерно да се распореди средството за желатинирање. Истурете во чаши. Почекајте да се излади, па ставете во фрижидер да се стврдне на најмалку 2 часа. Во меѓувреме, подгответе ја пастата од ф’стаци така што бадемите и ф’стаците ќе ги печете во рерна. Измешајте убаво и додадете ги шеќерот и маслото од кикирики. При сервирање додадете ја пастата од ф’стаци во панакотата и уживајте.

Вода, бадеми*, шеќер од трска*, пченкарен малтродекстрин*, природен вкус на бадем, морска сол.

*органски состојки

Пакување: Капачето од картонското пакување е изработено од шеќерна трска (100% обновлив ресурс).

Хранливи вредности на 100 ml:

Енергија: 252 kJ/61 kcal

Масти: 4 g

од кои заситени: 0,4 g

Јаглехидрати: 4,5 g

од кои шеќери: 4 g

Растителни влакна: 0,9 g

Протеини: 1,2 g

Сол: 0,09 g

Калциум: 120 mg (15% од NRV***)

NRV***: Нутритивни референтни вредности

Органски растителен пијалак бадем Intense – 1 л.
275,00 ден