Почестете се со овој освежителен пијалок, кој ќе ве изненади со својот природен и лесен вкус на кокос, без шеќер. Можете да го пиете свеж, ладен или топол со вашиот чај и кафе, а може да ви послужи и како идеален додаток во вашето смути. Со многу можности за уживање, за здраво 100% задоволство!
– Не содржи шеќер
– Со низок процент на масленост
– 100% растителна основа**
**100% од земјоделските состојки се од растително
Карактеристики: Растителниот пијалок од кокос без шеќер е направен во Италија. Кокосот кој се употребува при производството на растителниот пијалок е внимателно собран во Јужна Азија*.
*приоритетен извор на снабдување
Рецепт за подготовка на безглутенски крем сладолед со банана и црвено овошје (без лактоза):
Потребни состојки за сладоледот:
1 банана
50 g јагоди
25 g малини
40 ml органски растителен пијалак од кокос, без шеќер од Bjorg
Време за подготовка: 15 минути.
Потребни состојки за декорација:
кокосови струготини
чиа семе
свежи јагоди
Начин на подготовка: Исечете ги бананите на парчиња и ставете ги во замрзнувач преку ноќ. Измијте го црвеното овошје. Во садот за блендер ставете ги замрзнатите парчиња банана, јагоди, малини и растителниот пијалак од кокос од Bjorg. Блендирајте 30 секунди. Украсете со малку црвено овошје, кокосови струготини и посипете со чиа семе. Уживајте!
Вода, кокос 4,8%, скроб од ориз*, природна арома од кокос*, морска сол, стабилизатор: гуар гума*, ксантанска гума.
*органски состојки
Пакување: Картонското пакување е направено од 88% растителен материјал и придонесува за намалување на емисијата на C02 на нашата палета.
Хранливи вредности на 100 ml:
Енергија: 84 kJ/20 kcal
Масти: 1,5 g
од кои заситени: 1,2 g
Јаглехидрати: 1,7 g
од кои шеќери: < 0,5 g
Растителни влакна: < 0,5 g
Протеини: < 0,5 g
Сол: 0,1 g