Концентрирано и високоефективно решение специјално наменето за лице. Антиоксидантен и адаптоген комплекс, чија цел е заштитување на лицето од негативните ефекти на надворешното опкружување. Ресвератролот има висока биолошка активност, овозможувајќи клеточна регенерација и подмладување на кожата. Дихидрохерцетинот– моќен антиоксидант од групата на витамин П, кој ја подобрува микроциркулацијата и ги зајакнува крвните садови и капилари близу површината на кожата. Овозможува подмладување на кожата и измазнување на брчки.
Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојки и заштитувајќи ја од надворешни фактори.
Ресвератролот е група на стилбеноиди кои ефективно ги штитат клетките на кожата од стареење, кое е резултат на негативните ефекти на стрес факторите и опкружувањето. Заедно со дихидрохерцетинот стимулира синтеза на колагенски влакна (колагенска синтеза), подобрувајќи ја дермалната еластичност. Минералниот активен компонент каламин има антисептично и антивоспалително дејство, ослободува од чешање и создава заштитна бариера во оштетените предели. Ектоинот е заштитник на клетките од оштетувачките ефекти на надворешните влијанија, обвивајќи ги однадвор и спречувајќи дехидратација.
Индикации (наменето за): Кожа сензитивна на надворешни влијанија, дехидрирана, воспалена и зрела кожа.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компоненти од производот.
Пропратни ефекти:Можна е индивидуална интолеранција на компоненти од агенсот.