Овој лесен ноќен крем против стареење го комбинира богатството на органско масло од арган со лесна текстура на гел, кој е немрсен и екстра хранлив и буквално се топи при контакт со кожата за да се трансформира во масло. Оваа крема лесно се нанесува на вашата кожа, овозможувајќи и удобност и нахранетост на кожата, благодарение на мешавината од органско масло од арган и хидратантна хијалуронска киселина. Наутро цртите на лицето се помазни, а кожата е полна и поцврста. Со редовна употреба ноќно време, се укинуваат знаците на стареење и се враќа сјајот на кожата.
– Дерматолошки тестиран производ
– Наменета за нормален до комбиниран тип на кожа
– Ja зацврстува и измазнува кожата
– Ја регенерира и хидрира кожата
– Состојки од 100% природно потекло
– Содржи 0% силикон, минерално масло и синтетички мирис
Формулирана со:
– 10% органско масло од арган познато по своите навлажнувачки*, анти-стареечки и хранливи својства.
– Арган церамиди: ја зајакнуваат кожната бариера, клеточната кохезија и ја подобруваат еластичноста и цврстината на кожата.
*Хидрирање на горните слоеви на епидермисот.
АРГАН
Арганот е вистински концентрат кој обезбедува неспоредлива исхрана за кожата, за сјајот на косата и здравјето на ноктите. Неговите есенцијални масни киселини помагаат во борбата против сувоста и губењето на еластичноста, фактори кои ја поттикнуваат појавата на брчки.
Аргановото масло има многу високо ниво на витамин Е кој е еден од најмоќните природни антиоксиданси. LÉA NATURE SO BiO étic го одбраа маслото од арган поради сите негови антиоксидантни***, навлажнувачки* и аnti-wrinkle (против брчки)** својства.
*Хидрирање на горните слоеви на епидермисот
** in vivo тест
*** ин витро тест
Reviews
There are no reviews yet.