Концентрирано, високо ефективно решение, специјално наменето за лице. Дво-фазен агенс кој содржи активни, навлажнувачки состојки како, хиалуронат, глицерил гликозид и хидролизиран протеински комплекс. Овие компоненти се способни да привлечат водни молекули и да дејствуваат како осмозаштитници. Сквалан фазата ја “запечатува” трансепидермалната бариера на кожата и превенира загуба на нејзината влажност.
Биокозметички ефект: Нискиот вискозитет на агенсот овозможува да се зголеми биорасположливоста на состојките на истиот, внесената дифилна компонента создава обвивка на површината на кожата, зголемувајќи го времетраењето на активните состојки и заштитувајќи ја од надворешни фактори.
Пченичните протеини се протеински хидролизат, кој воглавно се состои од амино киселини, протеини и пептиди.Тие ја задржуваат водата во кожата, превенирајќи ја нејзината дехидратација. Хиалуронатот со ниска молекуларна тежина, изложува силна хигроскопност. Поради нејзината молекуларна тежина, оваа супстанца има способност да пенетрира во подлабоките слоеви на дермисот, да привлече водни молекули и да ги задржи таму. Глицерил гликозидот, добиен со екстракција од Ерихон розата, создава матрица од вода, спречувајќи го нејзиното понатамошно испарување и делувајќи како осмозаштитник на кожата.Неполарниот слој на производот кој содржи скуалан, го “покрива” епидермисот изложен на дехидратација, репарирајќи го горниот слој, благодарение на својот висок афинитет за липидната бариера на кожата.
Индикации (наменето за): Сува, сензитивна кожа; кожа со изгубен еластицитет во горните слоеви од дермисот.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите од производот.
Пропратни ефекти: Индивидуална интолеранција на компонентите од производот