Деликатен пенлив производ за чистење на лице кој детоксифицира и ре-балансира нормална до комбинирана кожа. Природните шеќери ги прочистуваат нечистотиите, а органското алое вера омекнува, оставајќи ја кожата чиста, мазна и еластична. Природниот екстракт од гоџи бобинки и пептидите од моринга заштитуваат од надворешното загадување. Има нежен мирис на свежо, природно алое вера.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Гоџи бобинки: егзотичното супер-овошје се смета како една од најбогатата хранлива состојка и е најмоќната природна храна за против стареење. Со неговите антиоксидантни својства се бори со лошите ефекти на слободните радикали. Има хидрирачки, смирувачки и детоксифицирачки својства.
Пептиди од моринга: Добиени со екстракција од афричкото дрво Моринга, моринга пептидите се од исклучителна помош во негата за кожа. Тие ја заштитуваат кожата спречувајќи микрочестичките од загадувањето како издувни гасови од коли или дим од цигари да се налепуваат на кожата, тие го ре-балансираат природното создавање на себум, па се идеални за помрсна кожа и кожа со запушени пори. Пептидите имаат анти-бактериски и анти-воспалителни својства и тие содржат високи концентрации на антиоксиданти, правејќи ги идеални за заштита од оштетување од слободни радикали.