100% природен, течен, АХА/БХА ексфолијатор кој инстнантно открива помазна и посветла кожа. Мешавина на овошни АХА киселини, вклучувјаќи ги гликолната киселина (шеќерна трска), јаболкова киселина (јаболки) и лимонска киселина (цитрусни овошја), како и БХА салицилна киселина од кора од врба. Заедно со галактоарабинанот (арабиногалактанот) од Ариш дрвата, помага да се зајакне ексфолијацијата, да се намалат иритациите и сушењето и да се подобри текстурата на кожата. Има деликатен мирис на органска цветна вода од портокал. Сочуван со 100% природен презерватив, добиен од шеќерна трска.
КЛУЧНИ СОСТОЈКИ:
Кора од врба: Природен извор на салицилна киселина кој помага да се подобри клеточниот промет и ексфолира без иритација, за мазен и здрав изглед на кожата. (Забелешка: кората од врба најчесто не се препорачува за време на бременост. Во овој производ е содржана во многу мала концентрација, но доколку сте загрижени, најдобро е да не го користите производот).
Овошни АХА киселини: АХА или алфа-хидрокси киселините во нашиот тоник се добиени од природни извори, вклучувајќи гликолна киселина од шеќерна трска, јаболкова киселина од јаболки и лимонска киселина од цитрусни овошја. Овие АХА киселини помагаат да се зајакне ексфолијацијата.
Галактоарабинан: Галактоарабинанот доаѓа од западните Араш дрва и има неверојатни хидрирачки својства за кожата. Тој делува во намалувањето на трансепидермалната загуба на вода, што е мерка која укажува колку добро бариерата на вашата кожа задржува влажност.
64% состојки од органско потекло, 100% состојки од природно потекло