Полн погодок со ефект на дезинфекција.
Органска паста без флуорид, која високоефикасно ги чисти забите, благодарение на својствата на природните состојки. Кредата која се користи во оваа паста за заби, била создадена пред милиони години на дното на океаните. Токму затоа има природна – светло сива боја, каква што е всушност и самата креда. Високата содржина на алое вера, помага при заштитата на непцата и овозможува интензивна нега. Дополнително на сево ова, смолата смирна која е содржана во составот, има ефект на дезинфекција.
Нанесете на четкичка за заби и темелно прочистете во правецот на раст на забите (од горе кон долу за горните и од долу кон горе за долните заби).
calcium carbonate, aqua, glycerin**, xanthan gum, aloe barbadensis leaf extract*, melaleuca alternifolia leaf oil* (aroma*), commiphora myrrha oil, magnolia officinalis bark extract, limonene.
(* = состојка од органско земјоделство, ** = составено од органски состојки)
22% состојки од органско потекло
89% состојки од органско потекло, без вода и минерали
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife согласно со стандардот COSMOS ORGANIC