fbpx
Добредојдовте на новиот сајт на BELLINA.
bg_image

Ексфолирачка ноќна крема за лице со витамин Ц – 40 мл.

2.615,00 ден

ИЗМАЗНУВАЊЕ • ЕКСФОЛИЈАЦИЈА
ВИТАМИН Ц • ПХА КИСЕЛИНИ • ЕКСТРАКТ ОД АЦЕРОЛА

In stock

Баркод: 3661467001619 Шифра: 001862 Категории: 3 , ,

Спијте, сонувајте и оставете вашата крема да работи.

Навечер, можеби вие сонувате, но вашата нега за лице вредно работи. Peeling Night кремата “ги вработува” нежните ексфолирачки активни состојки, хиалуронската киселина и природниот витамин Ц, нудејќи помазна кожа и сјаен тен по будењето.

– единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
– производи формулирани од доктори
– погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
– произведени во Франција
– вегански производи

ПРИКАЗНАТА НА PEELING NIGHT КРЕМАТА

Од докторската канцеларија во домот. Развојот на естетската медицина во голем дел го инспирираше создавањето на Novexpert производите.
Ајде за пример да ја земеме употребата на професионални пилинзи, спроведена во докторска канцеларија. Нивните неверојатни резултати на епидермисот го поттикнаа нашиот научен тим да ви понуди верзија конфигурирана за домашна употреба, навечер и без здравствен практичар.
Крема која навечер ги координира елитните активни состојки кои нежно ексфолираат (млечна киселина, глуконолактон) заедно со anti-aging ѕвездите (хиалуронска киселина и витамин Ц). По будењето текстурата на кожата е рафинирана, неверојатно мека и релјефот на кожата е видливо измазнет. 30 дневен третман ќе обезбеди долготраен и ефект на “нова кожа”.

БРОЈКА – 8

8 часа се потребни за ефективен, репаративен третман на кожата. Ова е еднакво на добар сон за интензивни резултати.

РЕЗУЛТАТИ:

ПОМАЗНА ТЕКСТУРА НА КОЖАТА*
94% од волонтерите си ја забележале кожата помазна, непосредно по првата употреба.
СЈАЕН ТЕН**
81% од волонтерите си го забележале тенот посјаен по 28 дена употреба.
ПОМАЛКУ ВИДЛИВИ ПОРИ**
70% од волонтерите си ги забележале порите помалку видливи по 28 дена употреба.
*Тест на потрошувачи – 37 потрошувачи. % на задоволство по прва употреба – Наутро и/или навечер.
**Тест на потрошувачи – 37 потрошувачи. % на задоволство по 28 дена употреба – Наутро и/или навечер.

Нанесете на лицето, избегнувајќи ги очните и усни контури како и “крилата” на носот. Користете го овој третман секоја вечер како едномесечен третман, или секоја втора вечер (двомесечен третман). Направете пауза од еден месец помеѓу секој третман со оваа пилинг-крема.

ШТО ДРУГО?

Поради ексфолирачкото дејство, не се препорачува да се изложувате на сонце следниот ден по употреба. Овој производ е одличен едномесечен третман пред голем настан: свадба, фотосесија, роденден…

AQUA (WATER)°, GLUCONOLACTONE°, COCO-CAPRYLATE°, BUTYLENE GLYCOL°, DICAPRYLYL ETHER°, SODIUM CITRATE°, C12-16 ALCOHOLS°, GLYCERIN°, LACTIC ACID°, CAPRYLIC/CAPRIC TRIGLYCERIDE°, ARGININE°, BUTYROSPERMUM PARKII (SHEA) BUTTER*°, PARFUM (FRAGRANCE)°, SIMMONDSIA CHINENSIS (JOJOBA) SEED OIL*°, ASCORBYL GLUCOSIDE°, MALPIGHIA PUNICIFOLIA (ACEROLA) FRUIT EXTRACT*°, CARICA PAPAYA (PAPAYA) FRUIT EXTRACT°, MALTODEXTRIN**°, OLIVE OIL DECYL ESTERS°, HYDROGENATED LECITHIN°, PALMITIC ACID°, BEHENYL ALCOHOL°, BENTONITE°, MICROCRYSTALLINE CELLULOSE°, GLYCERYL STEARATE CITRATE°, GLYCERYL CAPRYLATE°, XANTHAN GUM°, TOCOPHEROL°, ALOE BARBADENSIS LEAF JUICE*°, SQUALENE°, CELLULOSE GUM°, BIOSACCHARIDE GUM-2°, PHYTIC ACID°, SODIUM HYALURONATE°, LAMINARIA OCHROLEUCA EXTRACT°.

*22.5% состојки од органско потекло
°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.

Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.
*Масните алкохоли се восочни состојки кои не содржат етил алкохол (ethanol)

Ексфолирачка ноќна крема за лице со витамин Ц – 40 мл.
2.615,00 ден