fbpx
bg_image

Крема за лице со мат ефект со SPF15 – 50 мл.

710,00 ден

ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ • МАТИФИЦИРАЊЕ
ЦИНК • ХИДРОЛАТ ОД НЕВЕН • МАСЛО ОД НАНЕ

Only 1 left in stock

Баркод: 4603721331987 Шифра: 001195 Категории: 6 , , , , ,

Oваа крема има лесен матифицирачки ефект, како и основна заштита против штетните влијанија на ултравиолетовата радијација.

Главни активни состојки:
–    Цинк оксидот делува како безбеден физички филтер. Со останувањето на површината на кожата, создава заштита од сонцето, борејќи се со УВА и УВБ радијацијата.
–    Формулата базирана на хидролат од невен и алое вера гел ја омекнува кожата, хранејќи ја со кислород и одржувајќи хидробаланс. Има бактерицидно и антивоспалително дејство.
–    Помошните компоненти во форма на комплекс од масла и билни екстракти ја хранат и хидрираат кожата, спречувајќи фотостареење.
–    Витаминот Е деактивира слободни радикали и ја зајакнува функцијата на бариерата на епидермисот.
–    Маслото од коноп делува ако природен бронзер и дава нежна нијанса на тенот.

Кремата е MLE (Multi-Lamellar Emulsion) – мултиламеларна емулзија. Оваа текстура е најблиска до текстурата на горниот слој на кожата, што ја зголемува ефективноста на кремата и помага да се одржи хидробалансот во клетките.
Погодна за сите типови на кожа. Се препорачува кремата да се нанесе барем 30 минути, пред да излезете надвор.

Масло од јојоба – долготрајно ја храни, омекнува и хидрира кожата. Отстранува перутење, ги подобрува зтегнатоста и еластицитетот на кожата. Одлично е за зрела и кожа во стареење.

Шеа путер – длабински ја хидрира кожата, правејќи ја поеластична. Поседува регенерирачки својства; активира создавање на колаген и липиден метаболизам, спречувајќи предвремено стареење.

Шипинка – плодот на шипинката има регенерирачки и витаминизирачки ефект. Со нејзните биохемиски својства, екстрактот од шипинка е блиску до својствата на кожата, па е способен да пенетрира длабиснки во структуралните слоеви. Активно пренесува и ослободува заздравувачки супстанци, храни и ја омекнува кожата, додека респирацијата на кожните клетки не е нарушена и порите и жлездите не се запушени.

Нане – листовите нане имаат смирувачки, освежувачки и тонирачки ефект. Ослободуваат од уморот, имаат анти-иритирачки дејства и ја зголемуваат циркулацијата на крвта во капиларите. Тие имаат олеснувачко дејство, промовирајќи васкуларна контракција.

Невен – цветовите од невен имаат анти-воспалително, заздравувачко и бактерицидно дејство. Ја подобруваат работата на регенеративните процеси на кожата, ги зајакнуваат капиларите на кожата и спречуваат стареење на клетките.

Алое вера – има силни хидрирачки, бактерицидни и дејства против стареење. Ја убрзува регенерацијата на клетките, ги намалува воспаленијата. Создавајќи невидлива бариера на кожата, ја штити од надворешни фактори.

Нанесете наутро на чисто лице, избегнувајќи го пределот околу очите и устата. Погодна за секојдневна употреба.

aqua, calendula officinalis floral water, zinс oxide, cetearyl olivate (and) sorbitan olivate, glycerin, aloe barbadensis leaf juice*, butyrospermum parkii butter, rosa canina fruit oil, cannabis sativa seed oil, leen seed oil, sesamum indicum seed oil, simmondsia chinensis seed oil, pentylene glycol, cetyl alcohol, benzyl alcohol, potassium sorbate, citric acid, cananga odorata oil, benzoic acid, lavandula angustifolia flower oil, macleya microcarpa (maxim.) fedde. extract, juglans regia leaf extract, viburnum opulus l. extract, betula pubescens echr. extract, ginkgo biloba l. extract, mentha piperita extract, calendula officinalis l. extract.

Крема за лице со мат ефект со SPF15 – 50 мл.
710,00 ден