fbpx
bg_image

Крема за лице со пептиди за сите типови на кожа – 50 мл.

2.640,00 ден

ЗАЈАКНУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
СОК ОД АЛОЕ ВЕРА • МАСЛО ОД ЈОЈОБА • ЕКСТРАКТ ОД СПИРУЛИНА

Only 4 left in stock

Баркод: 4752223005398 Шифра: 001025 Категории: 3 , ,

Формулиран со биотехнолошки добиени природни пептиди, микроалги и хиалуронска киселина, овaa ултра-свиленa кремa интензивно ја хидрира кожата, осигурувајќи заштита и поддршка на колагенoт. Ја надополнува кожата со есенцијални протеини и аминокиселини, зајакнувајќи ја вонклеточната матрица на кожата.

Ја намалува појавата на линиите и брчките за помазен, посилен и младешки сјаен изглед. Лесната текстура ја разгалува кожата и ја измазнува, одржувајќи ја мека и еластична.

МУЛТИНАМЕНСКА НЕГА ЗА КОЖА

  • поддржува синтеза на колаген
  • интензивно хидрира
  • зајакнува
  • помага во подобрување во цврстината на кожата

УЛТРА-СВИЛЕНКАСТА ТЕКСТУРА

Развиена преку иновативна технологија, линијата Derma Collagen обезбедува исклучителна мазност и ултра-свиленкасто чувство, користејќи само природни, чисти и состојки прилагодени на кожата. Без силикони, петрохемикалии и други сомнителни адитиви.

Поглед од близу – КОЛАГЕН

  • сочинува до 80% од волуменот на кожата
  • дефинира колку младешка, цврста и исполнета ќе изгледа вашата кожа
  • колагенот опаѓа како што старееме
  • после 25тата година, количината на колаген паѓа за 1% секоја година

Главни извадоци од формулата

ХЕКСАПЕПТИД – 11
Овој биотехнолошки добиен природен пептид се состои од 6 аминокиселини. Се врзува за рецепторите на клеточната површина, помагајќи да се заштити и поддржи синтезата на колаген. Го задржува појавувањето на брчки и лабавост.

СПРУЛИНА
Богати со протеини и сите есенцијални аминокиселини, овие микро алги помагаат да се поттисне активноста, ако има ензими кои го деградираат колагенот.

Хиалуронска киселина
Ја хидрира и исполнува кожата, го штити колагенот за подобрена еластичност на кожата.

ЕКСТРАКТ ОД ФИТОПЛАНКТОН
Помага во стимулација на синтезата на колагенот.

СОДИУМ ХИАЛУРОНАТ
Овозможува епидермисот да постигне поголема еластичност и ја олеснува апсорпцијата на други активни состојки.

Нанесувајте на чиста кожа секое утро и навечер. Користете го во комбинација со Derma Collagen Hydra – Fill Firming Serum за најдобри резултати.

aloe barbadensis (aloe) leaf juice, aqua, caprylic/capric triglyceride, simmondsia chinensis (jojoba) seed oil, glycerin, glyceryl stearate citrate, pentylene glycol, cetearyl alcohol, isoamyl laurate, dicaprylyl carbonate, sodium pca, alcohol, aroma, titanium dioxide (ci 77891), mica ( ci 77019 ), palmitic acid, stearic acid, xanthan gum, hexapeptide-11, ascorbyl palmitate (vitamin c), tocopherol, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium hyaluronate, sodium phytate, leuconostoc/radish root ferment filtrate, spirulina platensis extract, alteromonas ferment extract, phenethyl alcohol, ci 77681 (tin oxide), linalool, limonene.

20% состојки од органско потекло
99% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Крема за лице со пептиди за сите типови на кожа – 50 мл.
2.640,00 ден