HARMONICA органскиот мед од диви цвеќиња се собира од различни дрвја, треви, тревки и други цветни растенија од пролета до крајот на летото и во себе ги обединува полезните состојки од растенијата со што корисно влијае на здравјето.
Поради широката разновидност на видовите полен, HARMONICA органскиот мед oд диви цвеќиња изобилува со интензивен мирис и вкус. Постојат големи варијации во вкусот, бојата и аромата во зависност од различните видови растенија од кои се собира и истиот брзо се растопува.
– Органски сертифициран производ
– Без глутен
– Без ГМО
Начин на подготовка: Медот се собира на падините на Стара Планина од пчели кои се хранат само со медот што самите го произведуваат и не им се додаваат никакви адитиви или хемикалии. Сите кошници за пчели се намачкани со мешавина од восок и ленено брашно и не се нанесува вештачка боја. И запомнете – секоја пчела работничка произведува едвај една десетина од лажичка мед во текот на целиот свој живот.