Нашето нерафинирано органско ладно цедено сончогледово масло се карактеризира со нежен мирис и извонреден вкус на семки од сончоглед. За производство на маслото користиме висококвалитетни органски и локални бугарски семиња – прво излупени, а потоа пресувани. Нема употреба на хемикалии или топлина за да не се уништат вредните хранливи материи. Ладно цеденото масло од сончогледово семе е богато со лецитин и витамин Е, супстанции кои го помагаат функционирањето на нашите клетки и имунолошкиот систем.
Ова масло е одлично за преливи за салати и маринади со својот малку јаткаст вкус.
– Органски сертифициран производ
– Без глутен
– Без ГМО
– Веганско потекло
Начин на подготовка: Првин ги лупиме и ги кршиме семките од сончоглед, а потоа следи ладното цедење и вадење на маслото.
Мастите сочинуваат значителен дел од здравата исхрана, освен што се богат извор на енергија, тие овозможуваат апсорпција на витамини растворливи во масти и правилно функционирање на нашето тело и органи, т.е. срцето, мозокот. Клучно е внимателно да се избере кој тип на масти да се користат во исхраната и на кој начин да бидат обработени, како и која е соодветната температура за сите типови на масти.
Точката на чадење едноставно кажано е моментот кога мастите почнуваат да чадат. Оттогаш при секоја понатамошна употреба, нивната употребна вредност се намалува и повеќе не се здрави за користење.
Нашиот совет е при готвење да користите масла со висока точка на чадење, додека маслата со ниска точка на чадење се погодни за салати или веќе зготвени оброци. Откако ќе се достигне точката на чадење, мастите ја менуваат својата структура, формирајќи токсични соединенија.
1. HARMONICA Ладно Цедено Ленено Масло (точка на чадење 107°C). Погоден за салати или веќе зготвени оброци.
2. HARMONICA Ладно Цедено Сончогледово Масло (107°C). Погоден за салати или веќе зготвени оброци.
3. HARMONICA Кокосово Масло (177°C). Погодно за готвење и пржење. Веруваме дека нема да биде вкусно како прелив за салата.
4. HARMONICA Кравји Путер (180°C). Погоден за лесно пржење и печење.
5. HARMONICA Ghee – прочистен кравји путер (220°C). Погоден за готвење на висока температура, вклучително и пржење.
6. HARMONICA Сончогледово Масло За Готвење (227°C). Погоден за готвење на висока температура, вклучително и пржење.
100% органско ладно цедено сончогледово масло, механички филтрирано. Богао со витамини Е, К и лецитин.
Хранливи вредности на 100 ml:
Енергија: 3699 kJ/898 kcal
Масти: 99,4 g
од кои заситени: 9 g
Јаглехидрати: 0,5 g
од кои шеќери: 0,5 g
Протеини: 0,05 g
Сол: 0,01 g