Што ако вашиот чистач би служел истовремено и за нега на кожа?
Во текот на животот, вашата кожа ќе дојде во контакт со чистач околу 40.000 пати! Тоа се 40.000 причини да го изберете вистинскиот.
- единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
- производи формулирани од доктори
- погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
- произведени во Франција
- вегански производи
ПРИКАЗНАТА ЗА MILKY CLEANSER HYDRO-BIOTIC
Не можете да ги видите, ниту пак да ги помирисате, но сепак…вашата кожа е екосистем, кој се состои од милијарди „добри бактерии“, чијашто листа на придобивки постојано се зголемува: смирувачки, антиоксидантни, регенеративни. Но овие добродетели се во опасност.
Модерниот живот има негативен ефект: загадувањето и прекумерната употреба на конзерванси, не заборавајќи ја рутината за отстранување на шминката, која исто така често се покажала како штетна. Бидејќи кожата се чисти речиси 40.000 пати во текот на животниот век, вашиот екосистем е ставен на тежок тест.
Решение? Novexpert има создадено кремаста млечна формула, којашто содржи повеќе состојки „со пет sвездички“: омега киселини, алое вера, магнезиум, масло од ноќниче, витамин Е и пребиотик (природен шеќер), хранлива состојка на добрите бактерии на кожата. Нежен млечен чистач за сензитивна кожа, кој исто така овозможува вистински секојдневни придобивки и за нега на кожата.
Бројка – 1 милион
Еден милион бактерии на квадратен сантиметар изнесува густината на кожната флора. Една единствена човечка клетка, исто така содржи околу 10 бактерии!
РЕЗУЛТАТИ:
ПОМЕКА КОЖА*
100% од волонтерите си ја забележале својата кожа како понежна веднаш по првата употреба.
ПОЗАШТИТЕНА КОЖА**
88% од волонтерите си ја забележале својата кожа како позаштитена по 28 дена употреба.
ПОЕЛАСТИЧНА КОЖА**
96% од волонтерите си ја забележале својата кожа како поеластична по 28 дена користење.