Прочистувачки гел за секојдневно чистење на лице за комбинирана и мрсна кожа, вклучително и чувствителна кожа. Неговата хипоалергична формула нежно ја освежува кожата додека истовремено ја смирува и прочистува. За почист тен. Формулиран со 20% термална изворска вода Jonzac, соли на бакар и цинк и нежен агенс за чистење од растително потекло.
– Дерматолошки тестиран производ.
– Висока толеранција*
*Формулиран за да го минимизира ризикот од алергиски реакции.
Сертификати: Cosmébio, ECOCERT
Нанесете доволно количествоа од гелот за чистење на навлажнета кожа. Втријте во лицето, вратот, деколтето и грбот со кружни движења. Исплакнете со вода и нежно исушете ја кожата.
aqua (water) [1], anthemis nobilis flower water [2], glycerin, cocamidopropyl betaine, decyl glucoside, xanthan gum, lactic acid, sodium chloride, chondrus crispus (carrageenan), sodium benzoate, sodium levulinate, perfume (fragrance), zinc pca, copper pca, glyceryl undecylenate.
1. вода и термална вода од jonzac
2. од контролирано органско земјоделство