fbpx
bg_image

Ампули за зрела кожа со лифтинг ефект – 10 x 3 мл.

1.930,00 ден

ЗАТЕГНУВАЊЕ • ОМЕКНУВАЊЕ • ВОЛУМЕН
АМИНОЛИПИДИ • РАСТИТЕЛНИ БИОПОЛИМЕРИ • ВИТАМИН Ц

Out of stock

Баркод: 4751009829012 Шифра: 001016 Категории: 2 , Бренд:

Подобрете ја вашата рутина со овој потентен затегнувачки концентрат, за да уживате во инстантна затегнатост и драматично помазна кожа.

Со реаранжирање на меѓуклеточната матрица, овие потентни монодоси помагаат да се изедначи површината на кожата, оставајќи ја инстантно позатегната, помазна и помека. Нивни мети се фините линии, брчки и недостатокот на волумен, инстантно подобрувајќи го изгледот на зрела, лабава и висната кожа. Овозможуваат подефинирани контури.

ВО ФОКУС:

КОНЦЕНТРИРАНА ЗАТЕГНАТОСТ
Хронолошкото стареење вклучува и ослабување на кожата и нејзиното поткожно ткиво, што води до дисорганизација на вонклеточната матрица. Слабеењето на поткожното ткиво допринесува за севкупно губење на волуменот и полабава кожа. Површината на кожата развива нееднаква текстура – линии и брчки.

Новите Amino-Fill 3D Lifting ампули овозможуваат непосреден затегнувачки ефект на површината на кожата, оставајќи ја вашата кожа помазна, помека и позатегната. Ги изедначуваат линиите и брчките. Го подобруваат создавањето на колаген и организацијата на колагената мрежа. Стимулираат закрепнување на остарените клетки кои го произведуваат волуменот (адипоцити) за зголемена дебелина и волумен. Употребувајте ги секогаш кога сакате драматично да го подобрите изгледот на вашата кожа. Препорачани како курс од третмани за да се подобри еластицитетот на кожата, нејзината густина и затегнатост.

ДЕЛУВА ИНСТАНТНО

-26% намалување на брчки по 1 час *

+12% зголемување на затегнатоста на кожата по 1 час *

*ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО, 18 жени (39-65 години)

АКТИВНИ СОСТОЈКИ

Затегнувачките биополимери од растително потекло формираат еластична и континуирана 3D мрежа за инстантно позатегната и помазна кожа. Додатно, овозможуваат и непосреден, механички затегнувачки ефект на површината на кожата. Амино липидите помагаат да се поттикне создавањето на колаген, за подобрен волумен и позатегнати контури на лицето.

За најдобри резултати, користете ги како курс од третмани – 10 дена, потоа 2-3 пати неделно, за да ги поддржите ефектите. Скршете го горниот дел од ампулата. Нанесете на чисто лице и врат. Искористете ја во рок од 24ч. PRO TIP: Секогаш користете го бустерот како основен слој за да уживате максимална пенетрација на активните состојки. Нанесете наутро и/или навечер, веднаш пред да заминете на важен деловен, или приватен состанок.

aqua, glycerin, isoamyl laurate, prunus amygdalus (almond) dulcis oil, cetearyl alcohol, silica, glyceryl stearate, citrate, palmitoyl isoleucine, cyathea cumingii (fern) leaf extract, titanium dioxide (ci 77891), mica (ci 77019), sodium levulinate, sodium anisate, cellulose, lactic acid, xanthan gum, aroma, ascorbyl palmitate (vitamin c), tocopherol, sodium phytate, linalool, geraniol, citronellol.

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Ампули за зрела кожа со лифтинг ефект – 10 x 3 мл.
1.930,00 ден