fbpx
bg_image

Серум со ектоин 2,0% – 30 мл.

685,00 ден

ЗАШТИТА • ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ
ECTOIN • МАСЛО ОД КАЈСИЈА • ЕКСТРАКТ ОД МЕЧКИНО ГРОЗЈЕ

Out of stock

Баркод: 4603739666767 Шифра: 000678 Категории: 3 , ,

Биокозметички ефект: Цикличната амино киселина –ектоин (1,4,5,6-тетрахидро-2-метил-4-пиримидин карбоксилат) е универзален биозаштитник на протеини, нуклеински киселини и цели клетки. Поради способноста да “привлече” водни молекули, ектоинот остварува силна врска со нив, формирајќи заштитен слој. Хидрослојот ги стабилизира мембраните на клетките и ги заштитува од оштетување, предизвикано од агресивните надворешни фактори.

Клинички е докажано дека агенсите со 2% ектоинска концентрација ја зголемуваат еластичноста на кожата за 82.4%. Мртвите слоеви се ексфолираат како резултат на регенерација и обновување на ткивата со нови клетки, а нивоата на отпорност на бариерите на кожата се зголемуваат. Серумот е специфично ефективен за измазнување на површината на кожата, кое може да е резултат на  мимички брчки, брчки на стареење, како и траги од кожни болести, белези и дамки од старост.

Индикации (наменето за): Нега на кожа склона на воспаленија, со траги од кожни болести, грубост, склоност на стрес и неговите влијанија, како и сува, дехидрирана и кожа во стареење.

Контраиндикации: Можна е индивидуална интолеранција на компоненти на серумот.

Пропратни ефекти: Не е препорачана секојдневна употреба. Кај хиперсензитивна кожа, можна е појава на привремено црвенило, или иритација.

Овој козметички производ е наменет за употреба 1-2 пати неделно. Количината зависи од потребата. Врз серумот, по целосна апсорбција, препорачано е да се нанесе омекнувачка крема. Нанесете на одделни делови на лицето. Користете внимателно на околуочниот предел и не повеќе од 2 пати неделно. Нанесете и распределете до целосно впивање.

Да се чува на суво и темно место, на темпреатура од +5C до +25C.

aqua, aloe barbadensis leaf juice, glycerin, ectoin, betaine, xanthan gum, prunus armeniaca kernel oil, benzoic acid, vaccinium vitis-idaea extract, trifolium extract, eleutherococcus senticosus extract.

% состојки од органско потекло

100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife и Cosmebio согласно стандардот COSMOS ORGANIC

Серум со ектоин 2,0% – 30 мл.
685,00 ден