fbpx
bg_image

Спреј за лице со магнезиум за иритирана кожа – 150 мл.

485,00 ден

Спреј за лице кој ја смирува иритираната кожа.

In stock

Баркод: 3661467002487 Шифра: 000759 Категории: 3 , , Бренд:

Чиста магнезиумска сол во вода!

Дерматолозите се свесни: магнезиумот е корисен како за вашиот организам, така и за вашата кожа. Овој смирувачки и заштитувачки микроелемент сега е достапен во ултрависоки концентрации во спреј.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА MAGNESIUM MIST

Во Novexpert, науката ги диктира нашите избори кога се работи за креирањето на производите за нега. Магнезиумскиот спреј е совршен пример. По анализирањето на научните истражувања за магнезиумот, нашиот експертски тим посака да развие универзален производ за нега: магнезиум за сите.

Производ за нега во форма на спреј се чинеше како најповолен начин, да се искористат сите бенефити на магнезиумот: смирување, хидратација и заштита од загадување. По 3 години развој и истражувања, производот „се роди“. Зад сцената, голема концентрација на природен магнезиум од Мртво Море, комбиниран со ултрачиста вода. За оптимални резултати, употребената вода е физиолошка и изотонична, односно со иста концентрација на минерални соли како вашите солзи.

Оваа уникатна особина гарантира хидратација при идеален биоафинитет со вашата кожа: ултрасмирувачки, против загадувачки и антиоксидантни резултати.

Бројка – 1500

Речиси 1500 мг. магнезиумска сол: веројатно една од највисоките концентрации на магнезиум во еден козметички производ, можеби и највисоката во светот.

РЕЗУЛТАТИ:

ХИДРАТАЦИЈА*

4х четири пати поголема хидратација во надворешните епидермални слоеви.

СМИРУВАЧКИ ЕФЕКТ**

-27% посмирена кожа веднаш по првата употреба.

ЕФЕКТ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ**

-40% попрочистена кожа веднаш по првата употреба.

*Тест изведен од независна лабораторија. Корнеометриски мерења, 11 волонтери.
**Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултати.

Држете на 30 см. од лицето, затворете ги очите и прснете 2-3 пати за да го покриете целото лице. Оставете го 10 секунди да делува, потоа исушете го. Може да се користи:

  • За смирување на кожата
  • Како тоник по чистење и/или отстранување на шминка
  • Како освежувач за кожата
  • За фиксирање на шминка

ШТО ДРУГО?

Во услови на високи температури или за утра кога ви е особено тешко да се расоните, чувајте го спрејот во фрижидер за инстантен студен и освежувачки ефект.

aqua (water)°, maris sal (sea salt)°, nitrogen°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

Спреј за лице со магнезиум за иритирана кожа – 150 мл.
485,00 ден