fbpx
bg_image

Спреј за лице со три видови на цинк против акни – 150 мл.

485,00 ден

Спреј за лице со 3 вида на цинк кој ја намалува појавата на акни и длабински прочистува.

In stock

Баркод: 3661467002500 | 3661467000735 Шифра: 000760 Категории: 3 , , Бренд:

Недостатоците не се опција…

Trio-Zinc Mist спрејот има специјално место во „прочистувачкиот арсенал“ за нега на кожа, благодарение на неговите длабоко прочистувачкисмирувачки и матирачки дејства. Исто така има јасна предност споредено со другите козметички категории, бидејќи може да се користи неколку пати на ден, во зависност од потребите.

  • единствен бренд во светот, чии производи се истовремено 100% природни, дерматолошки и хипоалергенски
  • производи формулирани од доктори
  • погодни и комплетно безбедни за бремени жени и доилки
  • произведени во Франција
  • вегански производи

ПРИКАЗНАТА ЗА TRIO-ZINC MIST

Сите оние кои патат од недостатоци на кожата, знаат дека борбата со акни бргу може да се претвори во опсесија. Има начини да се избегне компулсивното однесување, но желбата за чиста кожа останува. Сепак, предозирањето на кожата со дерматолошки и козметички производи не е решение. Она што ни е потребно, е да го замениме секој производ во нашата рутина, со специфичен производ за нега против недостатоци од природно потекло.

Novexpert има креирано спреј формула, којашто е повеќенаменска и може да се користи неколку пати на ден, а е наменета точно за овој тип на кожа.

Оваа чиста формула со едноставна рутина, гарантира инстантно делување кон „коренот“ на недостатоците. Можете опсесијата да ја замените со акција!

Бројка – 67

-67%*: драстично намалување на вишокот на себум. Инстантно (извор на хидратација) и долгорочно (намалување на 5-алфа-редуктазата*) дејство, кое го елиминира сјајот на кожата предизвикан од вишокот на себум.

РЕЗУЛТАТИ:

НАМАЛУВАЊЕ НА СЕБУМ*

-67% 5-алфа-редуктазата, која предизвикува вишок на себум е намалена за 67%.

СМИРУВАЊЕ**

23% маркерот за иритации на кожата е намален за 23%.

*Тест спроведен од независна лабораторија. Ин витро резултати за инхибиција на 5 алфа-редуктаза.
**Тест спроведен од независна лабораторија.      

Држете на 30 см. од лицето, затворете ги очите и прснете 2-3 пати за да го покриете целото лице. Оставете го 10 секунди да делува, потоа исушете го. Може да се користи:

  • Како тоник по чистење
  • За инстантно матирачко дејство
  • Како освежувач за кожата
  • За фиксирање на шминка

ШТО ДРУГО?

Trio-Zinc Mist спрејот може да се користи во било кој дел од денот, за инстантно да ја прочисти и матира кожата, без притоа да ја пресуши. Направете се во 16 секунди: Прскајте 3 секунди, оставете го 10 секунди да делува и нежно исушете го за уште 3 секунди.

aqua (water)°, zinc gluconate°, zinc pca°, zinc lactate°, nitrogen°.

°100% состојки од природно потекло сертифицирано од независна организација за сертифицирање.
Листата на состојки употребена во композицијата на производите од брендот Novexpert редовно се ажурираат. Пред да почнете со употреба на производ од овој бренд, ве молиме прочитајте ја листата на состојки на неговото пакување, за да се осигурате дека состојките се погодни за ваша лична употреба.

 

Спреј за лице со три видови на цинк против акни – 150 мл.
485,00 ден