fbpx
bg_image

Гел лице со хиалуронска киселина за сите типови на кожа – 75 мл.

2.270,00 ден

СМИРУВАЊЕ • ХИДРАТАЦИЈА
ХИАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА • СОК ОД БРЕЗА • МЛЕЧНА КИСЕЛИНА

Out of stock

Баркод: 4752223001000 Шифра: 001024 Категории: 3 , , Бренд:

Со супер доза од мулти-молекуларна хиалуронска киселина, овој луксузен гел, без масло во составот, инстантно и дава на кожата затегнат и помлад изглед. Ја хидрира жедната кожа со задржување на влажноста и намалување на трансепидермалната загуба на вода.

Ниско-молекуларната хиалуронска киселина со пополнувачко длабинско дејство ја измазнуваат и го подобруваат волуменот на кожата, додека големите молекули ја утврдуваат бариерата на кожата. Водата од бреза, тајниот допинг на природата, овозможува мешавина од амино киселини и антиоксиданти.

Вашата кожа е длабински хидрирана, смирена и заштитена, мека и нежна, полна со долготрајна свежина и сјај. Особено корисна за зрела, сува и проблематична кожа. Совршен за неа и него. Испробајте го во комбинација со ролери за лице, или Гуа Ша масажа.

ДЕРМАТОЛОШКИ ТЕСТИРАНО

ЗГОЛЕМЕНА ВЛАЖНОСТ

+46% по еден час*
+55% по 5 дена**
*Ин виво тест, 30 волонтери.
**Ин виво, 30 пациенти, употребувано два пати дневно.

ЛЕСНА ХИДРОГЕЛ ТЕКСТУРА

Формиран од природни молекули кои сакаат вода, способни да задржат големи количини на влажност. Уникатната, освежителна хидрогел текстура овозможува лесна, но интензивна хидратација, обезбедувајќи долготрајна удобност и заштита.

Дерматолошки тестирано. Лесната, незапушувачка текстура ја прави совршена за сите типови на кожа, вклучувајќи ја и проблематичната. Погоден за неа и него.

Хидратантен “boost” за против стареење.

  • Потребна ви е интензивна хидратација и освежување?
  • Имате проблематична кожа?
  • Знаци на стареење?

СУПЕРДОЗА НА АКТИВНИ СОСТОЈКИ ОД ПРИРОДАТА

Луксузен хидратантен гел, без масло во составот кој е формулиран со концентрирана, мултимолекуларна хиалуронска киселина и вода од северна бреза, кои овозможуваат неверојатна хидратација, задржување на влажноста, поттикнување на колагенско создавање и затегнувачки својства и успорување на знаците на стареење, правејќи ја вашата кожа мека, свиленкасто мазна, посјајна и млада.

ПОВЕЌЕНАМЕНСКА ФОРМУЛА

1. Дневна хидратација
Користете го овој гел самостојно доколку имате комбинирана, мрсна и/или проблематична кожа. Нанесете како основен чекор пред да го нанесете вашиот секојдневен серум, или крема ако вашата кожа е нормална, сува и/или има потреба од дополнително грижа и негa.

2. Ноќна хидратација
Нанесете како основен чекор пред користење на вашиот серум, или ноќна крема. Почекајте минута пред да го нанесете следниот чекор од вашата рутина за нега.

3. Пред крема за сончање
Нанесете го овој хидратантен гел пред да користите крема за сончање, за да обезбедите максимална удобност.

4. После бричење
Овој лесен, едноставен за користење гел за хидратација е совршено погоден за мажи. Длабински ја хидрира, измазнува и смирува кожата.

5. Гуа Ша и ролери за лице
Лесната, едноставно распространувачка текстура го прави овој гел за хидратација совршен за употреба со ролери за лице и Гуа Ша техника.

6. За патување
Мулти-таскинг формулата и конвенционалното шишенце од 75мл се погодни за носење и се совршена придружба за на патување.

7. Освежување по вежбање
Поради неговата едноставно-распространлива, брзо-апсорбирачка, лесна гел текстура, овој гел за хидратација е совршениот производ кој на вашата кожа ќе и даде одлична хидратација и долготрајно чувство на свежина, штом завршите со вежбање.

8. Летна неопходност
Полесните текстури се совршени за во летната сезона. Hydra Firm hydrating jelly ќе го почувствувате како освежувачко ветре за време на најтоплите летни денови, одржувајќи ја вашата кожа ревитализирана, но и  совршено хидрирана.

Нанесете на чисто лице, врат и деколте, секое утро и навечер. Проследете со крема за хидратација доколку вашата кожа е сува. Испробајте го во комбинација со ролери за лице, или Гуа Ша масажа.

aqua, glycerin, betula alba (birch) juice, pentylene glycol, sodium pca, sclerotium gum, lactic acid, hydrolyzed hyaluronic acid, sodium hyaluronate, aroma, sodium phytate, linalool.

22% состојки од органско потекло
100% состојки од природно потекло сертифицирано од Ecocert Greenlife

Некои состојки на производот можно е понекогаш да се променат/заменат/отстранат, како и самата формула на производот. Како најрелевантни секогаш земајте ги во предвид состојките наведени на самото пакување на производот.

Гел лице со хиалуронска киселина за сите типови на кожа – 75 мл.
2.270,00 ден