Биокозметички ефект: Волчјиот трн содржи линолеична и линоленска масна киселина. Овие компоненти се слични на липидите од горниот слој на кожата и се добри спроводници на активните биолошки супстанци, кои се богати со масло од волчји трн. Фенолните соединенија, особено флавоноидите, ги зајакнуват ѕидовите на клетките, помагајќи во заштитата од соларна радијација. Активните состојки во маслото лечат рани, хидрираат, го регулираат себумот и имаат анти-воспалително дејство.
Индикации (наменето за): Кожа склона на сушење, пукнатини и воспаленија. Исто така за додатно хранење на кожата.
Контраиндикации: Индивидуална интолеранција на компонентите на производот.
Пропратни ефекти: Не се идентификувани.